Published: Friday, May 29, 2015 15:43
Опозицијата најавува објавување на нова серија аудио снимки поврзани со проектот „Скопје 2014“. Прес-конференцијата ќе се одржи вечерва во 18 часот во антивладиниот камп пред Влада, а ќе ја води потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.
Веднаш по објавувањето на 35. „бомба“ најавена е дискусија насловена како „СКОПЈЕ 2014 НИЗ ПРИЗМАТА НА ГРАЃАНИТЕ”.
Говорници на дискусијата, веднаш по „бомбата“, ќе бидат:
– Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ
– Елеонора Петрова Митевска, универзитетска професорка
– Даница Павловска, иницијатива “Го сакам ГТЦ”
– Небојша Вилиќ, универзитетски професор
– Владимир Вангелов, граѓански активист
– Александар Вујиќ, граѓански активист
– Роберт Алаѓозовски, есеист и критичар




