Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА дознава: Не постоел договор за јавно приватно партнерство со болницата на Митрев

0
By Менче Атанасова Точи on August 7, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Освен договорот, операциите на срце кај деца ќе се прават и без лиценциран детски кардиохирург по заминувањето на Чадиковски, што се коси со законската регулатива 

Не постои договор за јавно приватно партнерство меѓу Министерството за здравство и специјалната болница за кардиохирургија „Филип Втори“ иако здравствените власти проектот спектакуларно на прес-конференција го најавија во Влада во декември минатата година, дознава НОВА од добро упатени извори.

На прашање на НОВА дали постои договор за јавно приватно партнерство и барање да го добиеме на увид, од Министерството за здравство со одговор дека „ФЗОМ има склучено годишен договор за операции на деца до една година“ со што перфидно го одбегнаа одговорот и ја префрлија топката на Фондот. Но, договорот што ФЗОМ го има склучено за операции со „Филип Втори“, како и со другите здравствени установи, не е договор за јавно приватно партнерство. Токму во тој контекст е и одговорот од ФЗОМ.

„Согласно Законот за здравствена заштита и Законот за здравствено осигурување, Фондот има обврска да склучи само договор за пружање на здравствени услуги од дејноста за кардиоваскуларна хирургија со ПЗУ Клиничка болница Жан Митрев врз основа на добиена дозвола за работа во мрежата на здравствени установи, издадена од Министерството за здравство“, потврдија од ФЗОМ за НОВА.

Со ова, и со последните случувања во болницата на Жан Митрев од каде отказ си даде др. Владимир Чадиковски пропадна првиот обид на министерот за здравство Венко Филипче за јавно приватно партнерство кое го најавува во скоро сите сфери од здравството.

Нетрпеливоста меѓу Жан Митрев и Чадиковски што се наѕираше уште пред повеќе од два месеца ескалира деновиве кога Чадиковски најави заминување што ќе го аминува со отказ во четврток.

Откако букна скандалот, денеска министерот Филипче изјави дека децата и натаму ќе се оперираат кај Жан Митрев на сметка на Фондот без оглед дали заминува тимот предводен од др. Чадиковски, кој од Детска хирургија пред неколку месеци направи трансфер во таа болница.

Нејасно е како ќе се оперираат деца до една година таму, кога нема носител на дејност, односно Чадиковски е единствениот лиценциран детски кардиохирург во државата. Ваквата одлука на Филипче се коси со законската регулатива. Од Министерството за здравство со одговор дека тимот таму никогаш не оперирал самостојно.

„Докторите никогаш самостојно не изведувале операции таму. Експерти и доктори од Република Србија, во директна соработка со македонските доктори ги едуцираат за овозможување соодветен здравствен третман на сите пациенти, вклучително и на децата до една година. Сите пациенти кои имаат потреба и натаму ќе ја добиваат неопходната и квалитетна здравствена заштита во оваа Клиника“, се вели во одговорот за НОВА од Министерството за здравство.

Но, она што е несфатливо е што, Филипче за МИА изјавил дека тимот на Чадиковски си заминале на своја рака од државно во приватно здравство.

Кога го најавуваше овој проект заедно со директорот на ФЗОМ, Ден Дончев во Влада, Филипче не кажа дека Чадиковски заминува на „своја рака“ од државно во приватно туку најави дека планираат јавно приватно партнерство, а овој центар да стане регионален.

„Очекуваме овој центар да стане регионален, без конкуренција во целиот регион. Очекуваме дека овој модел ќе го преземат и околните земји, бидејќи со одлив на здравствен кадар се соочуваат и Бугарија, Србија, Албанија, Грција, Косово“, рече тогаш Филипче, на прес-конференција во Влада.

На јавноста и е познато дека идејата за ваков трансфер доаѓа од власта, а не од Чадиковски кој, како што и самиот потврди бил повикан на разговор за да му се образложи планот за преминување во приватната болница на Жан Митрев. Претходно, беше планирано изградба на државна детска кардиохирургија, но моделот на јавно приватно партнерство за Филипче и Дончев беше поисплатлив.

НОВА дознава дека веднаш откако тимот преминал кај Митрев, буџетот на болницата бил драстично зголемен, односно биле зголемени цените на услугите за операции кај деца. Од ФЗОМ не дадоа конкретни податоци дали и колку се зголемени цените на услугите, туку само колку чини една операција на срце.

„Од 01.02.2019 година, откако тимот за детска кардиохирургија се префрли од ЈЗУ Детска хирургија во ПЗУ Клиничка болница Жан Митрев, од Фондот се наменети за детска кардиоваскуларна хирургија и интервентна кардиологија кај деца до 18 години, 65.000.000 денари, но тие средства се исплаќаат по извршена и фактурирана здравствена услуга. Согласно Законот за здравствена заштита и Законот за здравствено осигурување, Фондот има обврска да обезбедува здравствени услуги од здравствената установа се додека истата има  важечка дозвола за работа во мрежата на здравствени установи издадена од Министерството за здравство“, велат за НОВА од ФЗОМ.

Чадиковски за НОВА потврди дека досега направиле 8 до 10 операции од причини што многу небулози се случувале во болницата поврзани со извршувањето на операциите и работата таму. Тој вели дека проблемот е комплексен и дека неговата одлука за заминување е конечна.

„Депониран ми е отказот, во четврок кога ќе се вратам од одмор ќе го поднесам. Точно е дека направивме 8 до 10 операции кај бебиња“, рече Чадиковски за НОВА.

Од ФЗОМ пак, излегоа со бројка од 55 деца до 18 години кои биле третирани болнички од февруари до сега иако прашањето беше за патологија која ја покривал тимот на Чадиковски кај деца до една година.

Нема одговор колку државата ја чини овој трансфер и неуспешен обид за јавно приватно партнерство.

Како што е познато, од детска кардиохирургија при Клиниката за детска хирургија си замина тим од 11 вработени кој сега заедно со Чадиковски преговара за премин во друга приватна болница.

Филипче и Дончев на јавноста и должат одговори колку чини целиот проект вклучувајќи ги и платите на тимот на Чадиковски, заедно со буџетот кардиохирургија на Жан Митрев.

И секако, како планираат да го продолжат договорот без лиценциран детски кардиохирург бидејќи на ваков начин и со ваква политика (со која патем веќе не се праќаат деца во странство), граѓаните ја губат довербата и стравуваат за здравјето на своите најмили.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.