Оваа недела 15-члената комисија на Омер Кулиќ ќе се соберат во Мостар за да ги анализираат добиените информации и со споредба да ги откријат разликите со првиот извештај за падот на кингерот, кога загина претседателот Трајковски и 8-члената делегација.
Седуммина македонски експерти на лице место разговарале и со жители на Ротимље за кобниот ден.
Според информациите на Канал 5 Тлевизија досега дваесетина жители на селото ја раскажале својата верзија на настанот која во сите искази е многу слична, дека во февруари 2004 по падот на кингерот во близина на Ротимље дошле француски војници на СФОР кои го блокирале теренот и не дозволувале пристап до местото на падот. Дури 24 часа по несреќата е откриено местото каде кингерот се забил во земјата.
Од комисијата за Канал 5 велат дека главниот истражител Омер Кулиќ стапил во контакт со тогашни припадници на СФОР и дека по писмен пат им упатил прашања. За време на новата истрага откриени се и повеќе документи кои даваат ново светло на околностите при падот на кингерот, а во првиот извештај воопшто не биле спомнати.
Анализите на сите овие податоци ќе се одвиваат оваа работна седмица, но се уште не се соопштува кога ќе биде составен новиот извештај за несреќата која однесе девет човечки животи и кога ќе биде објавен и доставен до обвинителството.




