НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА истражува: Се наплаќаат ли преку ФЗО тестовите за КОВИД-19 добиени преку донации

0
By Менче Атанасова Точи on May 3, 2020 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се наплаќаат ли тестовите за КОВИД-19 кои се добиени како донација преку Фондот за здравствено осигурување. На ова прашање кое НОВА го упати до надлежните добивме  различни одговори, но ниту еден не е идентичен со другиот.  НОВА прашањето го испрати во ФЗО, Министерство за здравство, Институт за јавно здравје, потоа и посебно ги праша првите луѓе на овие институции, одговор побара и од министерот Венко Филипче, на прес конференција. Одговорите на сите се разликуваат, едни велат дeкa се наплаќаат, други одговаат со не, некои не знаат, на трети има треба време да проверат.

Одговорите од двете највисоки институции, Министерство и Фонд за здравство, се сосема различни.

Додека министерот за здравство Венко Филипче на прашањето на НОВА, одговори дека ПСР тестовите се наплаќаат по ДРГ како и останатите тестови, од Фондот за здравствено осигурување стигна одговор дека тестовите кои се добиени како донација не се наплаќаат преку ФЗО.

Подоцна и од Министерството го дадоа истиот одговор како и од ФЗО, за веднаш потоа на одговор да не упатат во Фондот за здравствено осигурување.

Директорите, на ФЗО и на ИЈЗ рекоа дека за ова дополнително ќе се информираат, па ќе одговорат.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети како прв човек на оваа институција рече дека не знае дали тестовите од донација ќе ги наплаќаат преку државната каса, но потенцира дека ФЗО плаќа по направени здравствени услуги, не по тестови.

Доктор Голубинка Бошевска–специјалист микробиолог, одговорна на одделот за вирусологија и  молекуларна дијагностика каде што се прават тестовите за КОВИД-19 на прашањето на НОВА, за наплатата на тестовите, односно дали и колку од трошоците ќе бидат покриени и од кого, на одговор не упати на раководните структури на институциите.

„Она што со сигурност можам да го кажам е дека ниту еден граѓанин,ниту еден пациент, ниту една  болница,  ниту еден  Центар за Јавно Здравје,  нема платено за направен тест за детекција на КОВИД-19“, вели за НОВА, д-р. Голубинка Бошевска, началник на одделот за вирусологија и молекуларна дијагностика.

Од Министертвото за здравство велат дека повеќе компании имаат донацирано тестови за КОВИД -19 директно до Институтот за јавно здравје(ИЈЗ), а тие што стигнале на адреса на министерството се праќаат во ИЈЗ.

„Вкупно 5.040 ПСР тестови кои што ги добивме како донација од  Кина ги испративме во Институтот за јавно здравје,  20.000 серолошки тестови кои што се добиени како донација од Македонската фирма АТС Груп, 1.000 ПСР тестови кои што компанијата Витаминка ги донираше на Министерството, ние директно ги испративме во Институтот за јавно здравје“, тврдат за НОВА од Министерството за здравство.

Но како што објаснуваат од ИЈЗ, тестовите се недвоиви од останатите услуги и затоа сето тоа се пресметува како пакет, односно како направена услуга во ФЗО.

Голубинка Бошевска, Оддел за вирусологија Фотографијата е пред ситуацијата со КОВИД-19

Доктор Бошевска објаснува дека во процесот на дијагностика и тестирање и во процесот на пресметување на цената на еден тест не влегуваат само прајмери и проби, познати како кит за детекција кај населението. Таа вели дека тука се пресметуваат и помошни реагенси и средства без кои тестирањето не може да се изврши и кои имаат своја цена на чинење. За да биде појасно за што станува збор, таа ги наброи детално.

„Тоа се брисеви со Вирусен Транспортен Медиум (ВТМ), реагенси за изолација/екстракција на рибоуклеинската киселина (РНК) на вирусот, ензими, пуфери и соли,  96% алкохол, специјализирани тубички за одвивање на реакциите, специјализирани плочки и капачиња за процесот на детекција, специјализирани наставци/типсови за пипетирање во големи количини, ракавици (повеќе пара ракавици за едно лице), маски хируршки, маски ФФП3, мантили за еднократна употреба, скафандери за еднократна употреба, каљачи, капи за глава, дезинфициенси, УВ лампи (кои имаат точно одреден број на работни часови), визири, ќеси за автоклавирање на инфективен материјал, трошокот за работа и одржување на кабинетите за биосигурно работење, трошокот за работа на апаратите за детекција (реал- тиме ПВР машините), трошокот за работа на апарат за автоклавирање, како и многу друг ситен инвентар. Во цената на тестот влегува и работата на целокупниот персонал“, вели Бошевска за НОВА.

Таа потенцира потенцира дека од првите најави за пандемијата Институтот за Јавно Здравје (ИЈЗ) обезбедил се што е потребно за соодветно тестирање од сопствени средства и продолжува и понатаму да обезбедува.

„Многу сме благодарни што од март месец до сега добивме значајна подршка од страна на донатори за одреден дел на потребните реагенси и помошен материјал“, вели Бошевска.

Буџетот по направена услуга, ИЈЗ го креира на почетокот на годината. Годинашниот буџет од ФЗО е 115 милиони денари, односно 1.870 000 евра. Доколку тестовите од донација се пресметуваат  како што е погоре објаснето, најверојатно и тие ќе влезат заедно со другите здравствени услуги во буџетот кој ќе го креира ИЈЗ за наредната година, што значи ќе бараат зголемен буџет за наредната година согласно зголемениот број на направени услуги поради ситуацијата со коронавирусот. Но, ова е работа која треба да ја потврдат и на која треба да одговорат надлежните. Дали тестовите кои се добиени како донации ќе се наплаќаат засега е во сферата „треба да се провери“.

Инаку, во Институтот за јавно здравје се задоволни што располагаат со доволни количини на тестови за детекција на САРС-КоВ -2 како и помошни реагенси и материјали за работа и покрај затворените граници и намалената достапност на реагенси и материјали за работа, така што велат, тие се набавуваат во континуитет, сукцесивно,  во одредени количини согласно достапноста на пазарот.

Бошевска појаснува дека од почетокот на фебруари до овој момент Институтот не бил во ситуација поради недостиг на реагенси да не може да одговори на задачата за навремена дијагностика на КОВИД-19 и се надева дека оваа состојба на континуирано располагање со соодветните реагенси и помошни средства  ќе продолжи и во иднина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.