Преку тренинг центарот на Нова Консалтинг и Едукација повеќе од 2.000 амбициозни индивидуалци досега се обучиле и се подготвиле да размислуваат менаџерски и самите да умеат да ги препознаат или детектираат можностите или заканите кои и претстојат на сопствената или компанијата за која работат.
Предавачите на Нова Консалтинг, инаку докажани извршни директори и овластени ревизори, зборуваат за потребата од практична едукација и усовршување на финанските работници како услов за успешна интеграција во бизнис заедницата.
Едукативните обуки, тренинг и усовршување кои тие ги нудат се наменети за лицата кои се дел од сметководствените и финансиски тимови во компаниите.
Тие сметаат дека денес да се поседуваат пошироки знаења и вештини од една област не претставува само амбиција, туку и потреба која ја наметнува пазарот на труд. Токму затоа нивна главна цел е креирање на идни менаџерски кадри кои ќе стекнат знаења за даноци, анализи, пресметки, контрола на работењето и логичко расудување, а не само евидентирање на сметководствени настани.
„Нашите обуки се значајни како за младите кои штотуку навршуваат високо образование, а немаат практично искуство кое честопати е предуслов за вработување, така и за сите оние кои имаат амбиција да бидат или се наоѓаат на менаџерска позиција во финансиските сектори. Тука спаѓа и онаа група на сегашни или идни претприемачи кои сакаат да се запознаат со даночното законодавство заради намаллување на даночната изложеност во нивната компанија. Покрај тоа, оваа проблематика секако ги засега најмногу и оние кои се стремат кон даночните консултанти бидејќи на обуката добиваат практична примена на сите закони поврзани со оваа област. Со оглед на динамиката и апетите за раст и развој на бизнисите денес, овие знаења и вештини кои ние ги пренесуваме на нашите слушатели се неопходни за успешна интеграција во бизнис заедницата“, вели Кристина Тилиќ.
фото: прва од лево Кристина Тилиќ
Тилиќ е овластен ревизор и основач на Нова Консалтинг и Едукација. Своето знаење и стекнато искуство како финансов директор и надворешен консултант на многу реномирани домашни и странски компании, го пренесува преку обуките кои ги држи веќе 19 години.
Нова Консалтинг и Едукација нуди основни и напредни обуки за практично водење сметководство, и за практична примена на законите кои ја тангираат оваа проблематика. Тилиќ накусо го објаснува значењето од овие обуки за развој на еден бизнис.
Таа вели „финансиските извештаи ја прикажуваат крвната слика на бизнисот, а нивната соодветна анализа претставува основа за донесување правилни бизнис одлуки. Кога еден бизнис се раѓа, тој се раѓа здрав. Правилните одлуки се тие кои го растат бизнисот”.
Повеќе информации за начинот на кој се работи во Нова Консалтинг и Едукација можете да добиете на веб страната www.novakonsalting.mk