Лидерската четирите партии утре повторно во Клубот на пратениците ќе седнат на маса, со цел да најдат начин за излез од политичката криза.
Последната лидерска средба меѓу Груевски, Заев, Ахмети и Тачи се одржа во понеделникот (26.06.2015) од каде по повеќе од еден час лидерите се разотидоја без изјави за медиумите.
Петнаесетина минути подоцна, центрите за комуникација на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ испратија идентични соопштенија.
-Лидерите на главните политички партии се состанаа за да ги продолжат дискусиите за точната организација на Владата што ќе ги подготви изборите. Се договорија да се состанат повторно во наредните денови. Премиерот Груевски го претстави Владиниот план за примена на препораките што се однесуваат на системски реформи во областа на владеење на правото, што е потребно да се спроведат согласно точката 6 од договорот од втори јуни, се вели во партиските соопштенија.




