Published: Monday, June 29, 2015 10:22
Нова лидерска средба за излез од политичката криза ќе се одржи утре во Скопје. Лидерите на четирите најголеми политички партии ќе се сретнат на преговори, еврокомесарот Јоханес Хан нема да присуствува на лидерската средба.
„Се надевам на подобрување и се надевам на први конкретни резултати. Ако добро разбрав од извештаите, сите се решени да направат сериозен напредок и тоа е во интерес на сите нас“, изјави еврокомесарот Хан.
Премиерот Груевски во интервју за Фајненшл тајмс изјави дека ги прифаќа предлозите на опозицијата, но дека нема намера да се повлече од функцијата.
Токму повлекувањето на Груевски од челната позиција во Владата е едно од клучните барања на опозициската СДСМ, без чие остварување за социјалдемократите нема договор.




