Утринава граѓаните на општина Аеродром беа непријатно изненадени од масовната сеча на дрвјата на булевар Србија, спроти новите облакодери. Камерата на НОВА забележа околу 20-тина исечени дрвја, во паркот кој овозможуваше заштита од горештините во текот на летниот период.
НОВА побара одговор од Град Скопје, но таму не беа информирани за случката. Сепак, по половина час стигна информација дека во текот на викендот “Паркови и зеленило“ ги исекле дрвјата бидејќи биле стари и неупотребливи.
-Се работи за четири-пет исечени стари тополи кои било планирано да се исечат бидејќи си го завршиле своето. На тоа место е планирано да се насадат нови млади садници потврдија од Секторот за односи со јавност на Град Скопје.
Сепак, од снимката се гледа дека не станува збор за четири-пет тополи, а глетката не беше пријатна за граѓаните. Дали и на ова место наскоро ќе никне некој нов објект останува да видиме.



