Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА открива: Кои се судијките од последната бомба?

0
By Нова ТВ on March 19, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 19, 2015 16:51

Дванаесетата „бомба“ на прислушувани разговори што ја објави СДСМ, за местење на судии и обвинители во Македонија, само ги потврди сомневањата што се изнесуваа во јавност за тоа, кој, како и на кој начин ја заслужил позицијата делител на правдата откако беа избирани без никакви биографии или резултати?

Да почнеме од крајните разговори од т.н. бомба и името на Софија (Сафија) Лаличиќ, која од декември 2012 година (кога во Охрид имало многу снег според „извештајот“ што му го дава на Сашо Мијалков) е судија на Кривичниот суд во Скопје.

Родена е 1984 година , со што Лаличиќ стана најмлад судија во тој суд и во земјава воопшто во тоа време со 28 години. Беше избрана веднаш штом го исполни минималниот законски услов да има три години работно искуство по полагањето на правосудниот испит.

Лаличиќ, која сега суди кривични предмети, од кражби до убиства, е во роднински врски со сопствениците на фирмата „Руле турс“ што стопанисува со меѓуградската автобуска станица во Скопје. Во двете години поминати во судот пред да ја изберат за судијка, беше во канцеларијата за односи со јавност кога претседaтел е Лидија Неделкова.

Сепак, младата Лаличиќ, како што се дознава од снимките покрај блискоста што ја има во комуникацијата по телефон со директорот на УБК Сашо Мијалков, кого го прашува дали ја „зеза“ и глуми изненаденост за нејзиниот избор штом ќе и соопшти дека ќе ја изберат за судија, а се распрашува и кои ќе и бидат колешки? При тоа не штеди зборови за втората кандидатка Лидија Петровска, за која Софија открива дека моминското презиме и е Тупанчевска, дека му е братучетка на Никола Тупанчевски, професор на Правниот факултет и не треба да биде избрана за судија.


Фотографија: Софија Лаличиќ

Сегашната судијка Лаличиќ, вулгарно се изразува за сегашната судијка Петровска,и му кажува на Мијалков дека била „пушач“ и „гзолижач“ кај Лидија Неделкова, ја опсипувала со подароци од Сваровски и така ја купила наклонетоста на Неделкова. Вели дека Тупанчевска Петровска и подарувала бесплатни ваучери за на козметичар на Лаличиќ, но таа ги одбивала.

Сепак, за третото место од тој оглас, кога Мијалков кажува дека е разно, Лаличиќ лобира за тоа место да се избере Виолета Арнаудовска, која има 53 години тогаш и е сестра на Снежана Бајлозова, судијката од скопска апелација, позната по тоа што не ги осуди тепачите кои ја искршија дискотеката „Процес“ или каде што донесе скандалозна пресуда во предметот со Агим Красниќи и кондовската група.

Сестрата на Бајлозова беше избрана во таа група, но во Основниот суд Скопје 2 и сега суди предмети од работни спорови, додека Лаличиќ и Тупанчевска судат кривично.

Судската бомба ги откри и местенките и договарањата на ДУИ, во корист на ВМРО ДПМНЕ да се отстапи обвинителско место на кое ќе се избере Миле Арсениевски, син на претседателката на скопска апелација Љупка Арсениевска.

Од претходен разговор помеѓу Филимена маневска и Влатко Мијалков се дознава дека Арсениевска е ептен човек на ВМРО ДПМНЕ, а кога Мијалков треба да отиде и да разговара да се заврши некој кривичен предмет треба да каже дека „го пратила Филимена“. Во разговорот Филимена маневска го потсетува Мијалков помладиот дека на ист начин го завршиле и предметот со Карамарков?!

Во договорот за изборот на синот на Арсениевска за обвинител се вмешува Љупчо Шврговски тогашен јавен обвинител (кој ветувал и договарал со Мијалков) но и Блерим Беџети и Муса Џафери кои по подолги натегања го отстапуваат тоа место на ВМРО ДПМНЕ, а подоцна за возврат да добијат три места за кадри на ДУИ, Албанци обвинители во Скопје.

Арсениевски сега е обвинител во скопје, а во целиот разговор се споменува и името на Костадин Кизов тогаш претседател на советот на обвинители. Неговата ќерка е меѓу примените стручни соработници на огласот за кој разговараат Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски. Па така, синот на Арсениевска станува обвинител, а ќерката на Кизов кој го раководи Советот се вработува во судот кој го раководи Арсениевска, скопска апелација.

Министерот за правда Блерим Беџети се согласува Арсениевски да стане обвинител, бидејќи мајка му е на важна позиција во Апелација и можат да завршат работа за нивни пријатели.
Скандалозен е и делот на пазарење во ДУИ, меѓу Блерим Беџети и Муса Џафери, кои на крај се пазарат за Виш јавен обвинител во Скопје, на местото на Сузана Салиу, која стана пратеник од ДУИ.

Тие разговараат дали Вели Ведат иако е Турчин е нивни човек, дали менувал страна и на крај се договараат Елвин Вели, неговиот син, да стане од адвокат Виш обвинител, но не и шеф, бидејќи за местото прв човек во Вишото обвинителство имаат свој кандидат од Гостивар (сегашниот Хабиљ Иљази). Синот пак на Иљази, е избран за судија во основниот суд во Гостивар на предлог на ДУИ.

Неизбежен е и делот каде што разговорите ја откриваат марионетската улога на довчерашната претседателка на Судскиот совет Александра Зафировска која го известува премиерот Никола Груевски каде ќе се распишат места за судии и претседтели на судови, а на Гордана Јанкуловска и на Сашо Мијалков им ги испраќа списоците со пријавени кандидати за да одлучи партијата кој да биде судија или стручен соработник.

Тоа што јавноста долго време ќе го памти е новата судијка Светлана Костовска која работи во УБК и кога Мијалков ја известува дека ќе ја изберат за судија му се заблагодарува и на неговото барање да го чести, одговара дека ќе му биде „должна цел живот“. Разговорите откриваат дека широкоградиот Мијалков бара да биде почестен од новите судијки, а за една од нив прво верли дека ќе ја викне да ја види каква е, а потоа и објаснува на Јанкуловска дека е добра и му фатила око!

Од Јанкуловска, преку разговорите се дознава дека таа има тефтерче во кое запишува кој треба да биде судија и им става плу или минус според заслугите на кандидатите.

Сепак, во разговор со Никола Тодоров, од прва не прифаќа сопругата на деканот на Факултетот за информатика ФИНКИ, Димитар Трајанов да стане судија во Управниот суд, но ќе ја има во вид за понатаму, како сопруга на докажан партиски член.

Ваквите снимки ги потврдија сите наместени избори во судството, а Судскиот совет и Советот на обвинители се покажа дека се обични марионети, на кои им носат заокружени листи за кои тие гласаат.

Само за потсетување, во Судскиот совет гласа Александра Зафировска која им реферира на премиерот, на Јанкуловска и на Мијалков, потоа Лидија Неделкова (која има добри конекции со Мијалков според Јанкуловска) како и Мирјанка Гоцевска стефановска, братучетката на Мијалков, која е член на Судскиот совет.

На Зафировска во Судскиот совет и заврши мандатот во декември 2014 година, но таа седеша до минатата недела, кога под притисок на ДУИ се избра нов претседател, Бранко Ушковски, без ниту еден ден стаж во правосудството и на предлог на ВМРО ДПМНЕ.
Ушковски ги убедуваше новинарите дека никогаш не се договарале изборите на судии.

По денешнава бомба, прашањето за Ушковски е дали се уште стои на минатонеделната изјава?

Според тврдењето на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кое јасно се слуша на снимките, главни кадровици за избор на судии и обвинители се Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска, Александра Зафировска, Блерим Беџети и Муса Џафери. Другите членови во судските тела биле само гласачка машина.

Разговорите кои ги објави СДСМ

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026Updated:June 12, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави и Иран се на чекор до…

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.