Published: Monday, January 20, 2014 21:45
Веб порталот Мојот град информира дека заради објавени текстови, Општина Кавадарци го тужи здружението на граѓани ПРОЕКТ-ЕУ и бара 5 илјади евра поради повреда на честа и угледот.
Во тужбата се бара овластеното лице Ќиро Бебеџаков од здружението на граѓани Проект- ЕУ од Кавадарци, да плати отштета од 5 илјади евра, „на име нематеријална штета, за повреда на честа и угледот, во висина од 300.000 денари“, доколку не се достави одговор на тужбата во рок од 15 дена. Тужбата е покрената заради четири текстови кои биле објавени на порталот.
„Целта им е да воведат апсолутен и дминантен мрак на територијата на Општина Кавадарци кога е во прашање слободата на изразување, како една од основите во демократски општества“, пишува порталот.




