Посредникот на ОН во разговорите за името амбасадорот Метју Нимиц денеска и утре во Њујорк ќе одржи нова рунда разговори со претставниците на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.

Службата за информирање на Обединетите нации соопшти дека посредникот во спорот за името меѓу Македонија и Грција најнапред ќе води одделни разговори со Јолевски и со Василакис, а потоа ќе биде одржана и заедничка средба.

Најавеното продолжување на разговорите во Њујорк следи неполн месец по посетата на Нимиц на Македонија и на Грција. Тој за време на посетата истакна оти е охрабрен од разговорите во Скопје и во Атина и најави дека ќе ја забрза динамиката на преговори во Њујорк.
Со двајцата преговарачи, Јолевски и Василакис, посочи Нимиц, ќе работи на разработка на идеите кои се конструктивни и обмислени и се надева оти ќе има напредок. Како што јави НОВА идеите кои се наоѓаат на преговарачката маса се во рамките на планот предложен од Европската иницијатива за стабилност. Овој план е во детали пренесен на нашиот сајт во текстот на Гералд Кнаус кој може да го прочитата тука