Нова серија видеа од анонимен корисник се појавија на интернет каналот „Јутјуб”. На нив се гледа непознат човек со замаглен лик, како разговара со Љубе Бошкоски за изборната кампања во 2011-та година, а во последното видео, зема пари и ги става во хартиена кеса.
Видеата се објавуваат откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев во петокот објави прислушуван материјал поврзан со апсењето на Бошкоски. Истите видеа беа користени во процесот против Бошкоски за нелегално финасирање на кампањата, иако не се поклопуваат со датумите кога старуваше и заврши изборната кампања во 2011-та година.
Ова покажува дека Бошковски бил следен и под посебни истражни мерки. Со следењето на Бошковски за време на изборната кампања, се фрла црна дамка на изборниот процес во 2011-та година. Доколку полицијата со налог од судот го следела и снимала Бошкоски, власта го знаела секој негов чекор што значи ги имала информациите за потезите на лидерот на ОМ , однапред како и за неговите гласачи.
Во јавноста веќе се шпекулира дека видеата се објавени за да се амортизира штетата и да се одвлече вниманието од аферата “прислушување“ од местенките за апсење, односно се прави сценариото кое се подготвувало и во 2011 година.




