Новинарите ширум светот протестираат поради апсење на новинарите na Џeзeира во Египет, кои се во притвор веќе втор месец. Редакцијата на НОВА се вклучува во повикот за ослободување на четворицата медиумски работници.

Новинарите се во притвор во Каиро и се соочени со обвинение за приклучување или помагање на терористичка група и незаконско ширење на информации штетни за националната сигурност, откако Владата на Египет ја објави мрежата дека е симпатизер на забранетата организација Муслиманско братство.
На 29 декември минатата година безбедносните сили на Египет ги уапсија дописникот Питер Грест, продуцентите Мохамед Фами и Бахер Мохамед, како и камерманот Мохамед Фази.
Многу од фотографиите на социјалните мрежи поставија членовите на Здруженијата на странските дописници во источна Африка, чиј член е и дописникот на Ал Џeзeира, Питер Грест.

Истовремено над стотина новинари и нивните пријатели се собраа пред амбасадата на Египет во кениската престолнина Наибори во знак на подршка за притворените новинари во Каиро.
„Новинарството не e злостор“ беше една од паролите на протестниот марш одржан на улиците на кениската престолнина со барање новинарите на Ал Џeзeира да бидат пуштени од притвор.
„Едногласно веруваме дека египетската влада погрешила кога ги притворила. Се обединуваме во повикот за итно ослободување“ се вели во протестното писмо кое беше доставено до Египетската амбасада во Наибори.
Кратка хронологија на случувањата поврзани со новинарите на Ал Џeзeира во Египет:
Четири луѓе на „Ал Џезира“ уапсени во Египет
Продолжен притворот за тимот на Ал Џезира во Каиро
Амнести Интернешнл го осуди затворањето на новинарите на Ал Џeзeира




