Published: Tuesday, December 24, 2013 13:29
Нова тепачка меѓу средношколци од АСУЦ „Боро Петрушевски“ се случила вчера околу 09,30 часот во училиштето.
Како што информира полицијата после претходна расправија настанала тепачка помеѓу поголема група ученици.
По преземени мерки СВР Скопје го расчисти случајот и против Т.А.(15), Ф.С.(15), В.С.(15), С.Е.(15), С.Е.(16), В.Р.(16), В.Љ.(15) В.Л.(16), Д.С.(16), Д.Б.(17), Л.М.(17) и еден 14-годишен малолетник, ќе бидат поднесени барања за поведување прекршочна постапка за сторен прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.




