Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова ТВ го напушта Советот за етика во медиумите

0
By Нова ТВ on January 23, 2020 ВЕСТИ
Фото: radiomof.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 23, 2020 14:26

Советот за етика во медиумите ја прифати жалбата поднесена од поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Зоран Иванов поднесена против текстот на Нова ТВ – „Разузнавачот Иванов тајно избега во Турција“. Во жалбата е наведено дека нашите прашања во врска со темата сме му ги испратиле вечерта во 19 часот, ден пред да биде објавен текстот, а Иванов имал малку време да испрати одговори до утрината кога бил објавен текстот. Тој тврди дека со тоа, со краткото време што му било оставено, сме ги прекршиле новинарските стандарди. Иако вистината е дека мејлот не му е испратен во 19, туку порано, а текстот е објавен утредента во 13.15 часот.

Со оглед дека прашањата се лични и не бараат истражување и консултации, Иванов можел да ги одговори за многу пократко време од тоа што сме му го оставиле. Дополнително тој можел да одговори дента кога е објавен текстот, или ден потоа, затоа што нашата идеја беше неговите одговори на 10-тината прашања да ги објавиме како интервју покрај текстот. Доказ дека немањето време за одговори е манипулација е фактот дека после неколку дена молк од Иванов кон Нова ТВ, тој поднесува жалба.

Тие кои одлучувале имаат право на таква одлука, но како ја донеле? – Ја донеле без да ме сослушаат во однос на сите наводи посочени од Иванов. Веднаш откако добив информација од уредникот дека постои жалба напишав една реченица на мејл до Советот во која наведувам дека имам само кратка информација за жалбата и доколку постои процедура при одлучување по жалби очекувам да ме повикаат да ја соопштам мојата верзија. После таа реченица им го препратив мејлот што го имам испратено до Иванов во кој му укажувам дека наместо да поднесува жалби да одговори на новинарските прашања за да ги уверам во Советот дека Иванов избегнува да одговори, а не дека ние не му оставаме простор да го каже својот став (ова е вториот мејл до Иванов покрај првиот испратен пред да биде објавен текстот).

До ден денес, иако изминува вториот месец, во Нова ТВ немаме добиено ниту еден збор како одговор. Испративме и трет мејл до Иванов, на кој само можеме пусто да се надеваме дека ќе одговори. Но, за чудо, на мојот мејл до Советот во кој укажувам дека имам штури информации и сакам да ме повикаат не добив никаков одговор, а можеа барем да ме известат дали да одам кај нив за изјава или да подготвам само писмен одговор. И додека јас чекам некаков абер од Советот за мое изјаснување, тие излегоа со одлука.

Каде е пропустот на Советот за етика? – Прво, тенденциозно и злонамерно е мојот мејл до Советот, во кој нагласувам дека немам доволно информации за жалбата и дека согласно процедурата очекувам да ме повикаат да дадам исказ пред членовите на комисијата, да се користи како официјален одговор на Нова ТВ во врска со жалбата, па и уште неговата содржина да се цитира во одлуката на Советот. Ниту мејлот е насловен како „одговор“, ниту пак содржината која ја праќам е во форма на одговор до Советот.

Почитувани членови на комисијата добро знаете дека ова е токму вака, дека мојот неформален мејл до вас кој го праќам за сосема поинаква намена вие сте го искористиле како официјален одговор на Нова ТВ. Понатаму, советот поверувал на наводи изнесени од Иванов, како на пример дека неговите претпоставени во АРМ знаеле дека тој е на тримесечен неплатен одмор и затоа не бил избеган во Турција. Но, тука не се зел предвид фактот дека Иванов без да најави не се појавил со денови на работното место по истекот на неплатените
месеци, а ова е јасно од текстот и од прашањата кои се испратени до Иванов.

И уште некои други наводи кои ќе добиеја поинакво светло ако имав прилика да се спротивставам, особено деловите што ги цитира Комисијата во одлуката како спорни (наслов, меѓунаслов и сл.). На крајот, колегите новинари, членови на комисијата, во одлуката напишале дека новинарот треба да консултира два неповрзани извори кога објавува информации. Се согласувам дека е така, исто како што членовите треба да ја сослушаат втората страна (мојата) за наводите кои ги користат во одлуката или да ме известат дека целосниот одговор можам да го доставам и писмено, а тој одговор да им се спротивстави на наводите на Иванов, еден од еден.

Со некои до членовите имам и колегијална комуникација, па многу лесно ако сакаше Комисијата, ќе ме најдеше за да ги соочиме аргументите, или колегите можеа да ме известат дека мојот мејл ќе се користи како официјален одговор, па јас да направам дополнувања во него оти и самите тие знаат дека е смешно да се користи таква содржина на мејл како официјален одговор. И како сега ние да ја објавиме одлуката против нас, кога сме немале еднаквост во оружјата. И само уште ова, грешка може да е тоа што јас не сум испратил официјален одговор, а сум имал рок за тоа, но коректно ќе беше после мојот известувачки мејл дека немам целосни информации за жалбата, дека барам да ме повикаат на сослушување и дека Иванов манипулира со фактите (особено со сатниците), некој од таму да ме исконтактира и да ми укаже дека единствен начин е да одговорам писмено и да не се надевам дека ќе имам прилика усно да дебатирам со членовите на комисијата, иако баш го сакав тоа.

Поради ваквиот однос на Советот за етика , редакцијата на Нова одлучи да ја прекине соработката со Советот. Оставаме простор одлуката да биде ревидирана доколку Советот ги увиди своите грешки во постапката и ни даде фер шанса нашиот соработник Љубиша Арсиќ пред членовите на Советот да го образложи случајот.

Разузнавачот Иванов тајно побегна во Турција

Зоран Иванов НОВА ТВ Совет за етика на медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026
shortcut
ФОКУС
July 23, 2026

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

ВЕСТИ July 23, 2026

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес – конференција предупреди дека случајот со…

Техеран ја предупредува Бугарија: Не им дозволувајте на САД да ја користат вашата територија за напади врз Иран

July 21, 2026

Метео: Врел воздух од Сахара се движи кон Европа – температури и до 47 степени

July 21, 2026

Официјално: Гостиварчани пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

July 21, 2026
ТИКЕР

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.