Во анализата за НОВА ТВ под наслов “Русофили или русофоби – лажна дилема” унивезитетскиот професор Марјан Ѓуровски говореше поопширно за руското влијание во државата. “Мешавината од различните алатки кои ги употребува Руската федерација конструираат хибриден апарат кој има цел да влијае во процесот на донесување одлуки во секоја поединечна држава од регионот, да ги освои „срцата и умовите“ на народите од регионот, да врши ерозија на институциите и на политичкиот систем преку поттикнување недоверба во демократските и државните институции, како и интраетничка, интеретничка, социјална, културна и политичка поларизација на општествата, што води кон лошо владеење во секоја поединечна држава од регионот и зголемување на енергетската зависност.

Дали и во која мера Руската федерација ќе ја оствари целта, се уште зависи од нас-земјите во регионот!”, заклучува Ѓуровски во анализата направена специјално за Нова ТВ која ја објави пред десетина дена. Пошироко целата анализа може да се прочита на следниот линк :

АНАЛИЗА: Русофили или русофоби – лажна дилема