Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова видео порака од кампањата „Биди фер! За детство без пречки“

0
By Нова ТВ on November 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фондот на ОН за деца , УНИЦЕФ – Македонија го претстави второто видео со скриена камера „Биди фер! За детство без пречки“ со пораката „Види ја способноста, а не попреченоста“, кое става акцент врз прифаќањето на тоа кои се децата и што умеат да направат, а не врз пречките од нивното оштетување.

Во рамки на кампањата на 100 локации низ земјата поставени се серија од дванаесет билборди на кои децата со попреченост се прикажани како пријатели, студенти, ученици, музичари, спортски шампиони, браќа, внуци, истакнувајќи ја љубовта, љубопитноста, радоста и способноста што тие ја носат, информираат од УНИЦЕФ.

Претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс, посочува дека новата кампања „Види ја способноста, а не попреченоста“ се однесува на ослободување на потенцијалот на секое дете и дава осврт на ставовите што ја попречуваат инклузијата.

– Веруваме дека ова ќе се претвори во забрзана системска реформа за да се обезбеди секое дете да ја добие потребната поддршка и да оди на училиште со своите врсници, да ги добие потребните здравствени и социјални услуги и да се стави крај на исклученоста, изолацијата и институционализацијата на децата со попреченост, рече Перкс.

Кампањата „Биди фер! За детство без пречки“ е дел од пошироката програма поддржана од УНИЦЕФ за унапредување на правата на децата со попреченост и е поддржана од регионалниот проект финансиран од ЕУ и УНИЦЕФ „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во земјите од Западен Балкан и Турција“.

видео порака Биди фер за детство без пречки УНИЦЕФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.