Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова Влада: Заев се обврза на чесно и одговорно работење

0
By Нова ТВ on August 30, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 30, 2020 23:39

Со 62 гласови „за“,  51„против’ и без „воздржани“ пратениците во Собранието вечерва ја изгласаа новата влада која ќе ја предводи премиерот Зоран Заев.

– Се обврзуваме чесно и одговорно да работиме, да имате подобар стандард и подобра перспектива за сите и за вашите деца. Ветувам правда за сите, ќе работиме на одговорен начин, ќе имаме модерно и европско образование, ќе работиме за уште посилно и поквалитетно здравство, ќе служиме чесно и одговорно и ќе бидеме сервис на сите граѓани во сите области.

Сега веќе немаме отворени етнички прашања, сите сме еднакви, ќе работиме еднакво за сите. Очекуваме економската соработка со соседите да расте.

Најавувам целосна посветеност на економијата и создавање на максимилизација на државните ресурси за поддршка. Ќе се посветмие на тоа младите да не бараат работа само во јавниот сектор, да гледаат перспектива и во приватниот сектор – рече Заев во своето обраќање пред гласањето за избор на новата влада.

Тој упати повик до младите да останат дома и да работат на европеизација на Северна Македонија, најави бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, како и брза помош на најсиромашните. Законот ќе важи еднакво за сите, а најодговорни мора д абидат функционерите, рече Заев.

Тој на опозицијата ѝ упати порака дека нема потреба да шири толку омраза и гнев и ѝ подаде рака за соработка на сите полиња, бидејќи како што рече Заев, така подобро ќе им служиме на граѓаните.

– Ако и понатаму немате став за ниту едно важно прашање, и ако понатаму тврдите дека црното е бело, а белото црно, ќе останете безбојни. Да ја надминеме злобата и да работиме заедно за европската иднина на Северна Македонија – ѝ порача Заев на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.