Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новачески до Дончев: Имате 5 дена да ми се извините јавно или следува тужба

0
By Нова ТВ on September 25, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 25, 2019 19:33

Ристо Новачевски ги демантира тврдењата  на директор на Фондот за здравство, Ден Дончев изнесени на прес конференција во Владата и му даде рок од 5 дена да се извини пред целата македонска јавност, во спротивно најави тужба.  Новачевски, кој на прес конференција беше посочен дека стои зад “Диаверум“ ги негира тврдењата дека е сопственик на фирмата за дијализа која доби на тендер во 2013 година за во наредните 20 години да стопанисува со поголем дел од диајлизата во државата, како и дека истиот ден кога на сметка на Вера Иванова во Монако биле префрлени 9 милиони евра и тој отворил сметка истиот ден.

„Вистината е дека сметката е отворена на 18.03.2018г. во време кога Вие веќе ги пишманевте и избркавте “Диаверум”. Целта на отворање на сметката беше планот на Г-ѓата Вера Иванова да инвестира во странски проекти и притоа да бидам повторно ангажиран од нејзина страна. Откако Г-ѓата Вера Иванова увиде декапроблемите со Вас ќе и бидат долгорочни и ќе и пропаднат  бизнис плановите за развој, надвор од границите на РМ, некаде околу Април/Мај 2019 ја затворив мојата сметка , која впрочем воопшто не беше активирана со ниту една трансакција.
Ако таа сметка беше отворена со намерата за која што Вие тврдите, ќе ја употребев уште истиот ден кога парите се префрлени -без никаков проблем“, се вели во соопштението кое го испрати до медиумите, Новачевски, кој Дончев го прозва како кумот на Груевски.

Дончев на прес конференцијата посочи дека сите сознанија укажуваат дека зад фирмата „Дијамед“ каде што Вера Иванова се прикажува како сопственик , стојат токму Новачевски и Груевски, за што Обвинителството за организиран криминал води истрага, на што Новачевски вели:

„Тврдите дека Г-ѓата Вера Иванова не е вистинскиот сопственик на “Дијамед-Македонија“и на фирмите ко-сопственици и се сомневате дека вистинскиот сопственик сум јас, односно преку мене е екс-премиерот Г-дин Никола Груевски.

Вистината е дека Г-ѓата Вера Иванова јавно изјави во медиумите дека таа е единствен сопственик на “Дијамед-Македонија” и сите фирми поврзани со неа. Исто така откако “Диаверум” ги уплати парите на сметките, а Г-ѓата Вера Иванова поднела пријава до УЈП за плаќање на данок на приход, остварен по основ на продадени удели, а на 14.11.2018г. УЈП и издава решение за плаќање данок.

По однос на приходите кои му биле исплаќани од „Диаверум“ во периодот од 2013 до 2017 година, Новачевски со одговор.

„Тврдите дека ми биле исплатени од 2014-2017, 10,000.000 ден. во плати, 17,000.000 ден разни надиоместоци, 9,000.000 ден готовински исплати и 12,000.000 ден. Сум подигнал од банкомат. Вистината е дека од 2014-2017 ми се исплатени 17,503.090ден. по основ на плати и бонуси за успешно работење, за кои уредно сум ги платил сите давачки кон државата. Службената картичка никогаш не била употребена од мене. Со ова се подразбира дека никогаш немам подигнато било какви средства од таа службена картичка. Исто така не ми е исплатен ниту денар од касата на фирмата.“, се вели во соопштението до медиумите во кое е назначено дека е Демант на прес конференцијата на Ден Дончев одржана на 20.09.2019 во Владата на РСМ.

„Ова се вистините и одговорите на Вашите лажни обвинувања. Сега имате 5 дена да ги документирате Вашите тврдења или да ми се извините пред целата македонска јавност со ист интензитет со кој што ме обвинивте, во спротивно следува тужба, вели  Новачевски и прашува – зошто наместо да го поништи криминалниот тендер, доколку тоа навистина било така, не поднел
тужба пред судот во Париз.

Наместо тоа Дончев предвремено исплатил 4 или 5 фактури во износ од околу 3,000.000 евра на “криминалната” фирма “Дијамед-Македонија” и со тоа го оштетил буџетот на државата, тврди Новачевски.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

ВЕСТИ July 26, 2026

Скопски земјотрес од 1963 година – природна катастрофа што го погодила градот Скопје на 26 јули 1963 година во 5 часот…

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

July 23, 2026
ТИКЕР

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.