Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НоваТВ објавува делови од извештајот на ЕК – Корупцијата е распространета во многу области и останува прашање на загриженост

0
By Mirjana on October 19, 2021 ПОЛИТИКА
Foto: TV VIS
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основните вредности на ЕУ вклучуваат владеење на правото и почитување на човековите права. Ефективен (независен, квалитетен и ефикасен) судски систем и ефективна борба против корупцијата се од огромна важност, како и почитување на основните права во правото и во праксата. Земјата има одредено ниво на подготовка / е умерено подготвена, да го примени правото на ЕУ и европските стандарди во оваа област, се наведува во извештајот.

Генерално, постигнат е одреден напредок, вклучително и преку зајакната судска независност и решавање случаи на неказнивост на полицијата.

Имплементацијата на судската стратегија продолжува, вклучително и Законот за Јавното обвинителство, обезбедувајќи одговорност за кривичните дела што произлегуваат и се поврзани со незаконските прислушувања.

Државната комисија за спречување корупција, користејќи ги своите засилени овластувања, продолжува да дава резултати, вклучително и за случаи на високо ниво. Корупцијата е распространета во многу области и останува прашање на загриженост, нотира европскиот извештај. Северна Македонија продолжува да ги исполнува своите општи обврски за основните права, но има предизвици во спроведувањето на постојното законодавство.

Што се однесува до правната и политичката рамка, новиот парламент повторно го усвои Законот за спречување и заштита од дискриминација, откако Уставниот суд го укина по процедурална основа и ги назначи членовите на Комисијата за превенција и заштита против дискриминација.

На Канцеларијата на Народниот правобранител и треба зголемување на буџетот, што овозможува регрутирање на специјализиран кадар, со цел подобро остварување на својата улога. Од суштинско значење е да се заврши назначувањето на членови на независни и регулаторни тела врз основа на заслугите. Функционалната независност на овие тела мора да се гарантира во секое време, вклучително и преку соодветни финансиски средства.

Функционирање на судството

Судскиот систем во Северна Македонија има одредено ниво на подготовка / е умерено подготвен. Постигнат е одреден напредок во однос на имплементацијата на стратегијата за реформи во правосудството, со што дополнително се разгледаа препораките од Венецијанската комисија и групата на високи експерти за системски прашања за владеење на правото. Сеуште се потребни напори за да се обезбеди систематско спроведување на ажурираниот акционен план за стратегијата за реформи во судството и за стратегиите за човечки ресурси во судството и обвинителството. Судските институции продолжуваат да ги применуваат новите правила за именување, унапредување, дисциплина и разрешување судии и обвинители.

Беше усвоен поголемиот дел од законодавството за спроведување на ревидираниот Закон за Советот на јавни обвинители. Важно е да се продолжи со имплементација на правната рамка и стратешките планови поврзани со реформата на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Секој нов предлог закон за Академијата за судии и обвинители треба да ја одржува Академијата како единствена влезна точка во судството и обвинителството и треба да обезбеди фер и транспарентен пристап до овие професии.

Во наредната година, земјата треба, особено доследно да ги спроведе  стратегијата за реформи во судството и ажурираниот акционен план, со посебен фокус на донесување нов закон за парнична постапка, во согласност со европските стандарди;

→ имплементирање на стратегиите за човечки ресурси за судската и јавната обвинителска мрежа, користејќи ги како показател за проекции за следните вработувања;

→ подобрување на автоматизираниот информациски систем за управување со судски предмети (ACCMIS) за да се осигура дека е целосно функционален и сигурен.

Стратешки документи: Имплементацијата на Стратегијата за судски реформи (2017-2022) продолжи. Советот за следење на спроведувањето на судската реформа го одобри двегодишниот извештај за имплементација за 2019 и 2020 година.

Имплементацијата на ажурираниот акциски план усвоен во октомври треба да се засили. Долгоочекуваните стратегии за управување со човечки ресурси во судовите и во јавните обвинителства беа усвоени во ноември 2020 година и декември 2020 година, соодветно со релевантни акциони планови за нивна имплементација, се наведува во Извештајот за напредокот на земјава во контекст на реформите поврзани со евроинтеграциите.

 

Делови ЕК извештај судство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.