Published: Wednesday, September 25, 2013 11:00
Нови 1,5 милиони евра за превод на дела од светската литература ќе му плати Министерството за култура на Друштвото за образование на деца и возрасни „АРС СТУДИО Тамара ДООЕЛ-Скопје“.
Предмет на договорот за јавната набавка, како што е објавено на веб страницата на Бирото се стручни литературни дела од проектот „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“
Според склучениот договор на среднината на септември „АРС СТУДИО Тамара ДООЕЛ – Скопје“ во период од 3 и пол години треба да го достави преводот на странските книги.
Критериум за доделување на договор за јавна набавка бил економски најповолна понуда
каде цената и квалитетот обезбедуваат по 50 поени.




