Во изминатите 24 часа се регистрирани 165 нови случаи на ковид-19 од направени 1.088 тестови. Од вкупниот број на позитивни, 39 се реинфекции. Оздравени се 384 пациенти, а во изминатото деноноќие не е пријавено ниту едно починато лице.
Како што информира Министерството за здравство (МЗ), од 165-те нови случаи на ковид-19, во Скопје се 91, во Куманово и во Прилеп по 11, во Кавадарци – девет, во Велес – седум, во Охрид и во Берово – по четири, во Битола, во Тетово и во Струмица – по три, во Гостивар, во Штип, во Кичево, во Кочани, во Гевгелија, во Кратово и во Крушево – по два, во Ресен, во Неготино, во Крива Паланка, во Делчево и во Демир Хисар – по еден.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, регистрирани се три починати лица, по едно од Скопје, од Битола и од Гостивар, на возраст од 70 до 78 години во периодот од 5 септември до 10 септември 2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.159.252 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.748, бројот на оздравени пациенти е 331.595, на починати е 9.515, а бројот на активни случаи изнесува 638.