Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Нови 2,7 милиони долари помош од САД за справување со пандемијата во земјава

0
By НОВА ТВ on November 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 9, 2021 18:29

Денеска, Владата на САД најави нови 2,7 милиони долари помош за земјата за борба против КОВИД-19 преку УСАИД и потсети на неодамнешната донација во опрема и потрошни материјали во вредност од 400,000 долари наменета за Северна Македонија за истата цел. Со ова, од почетокот на пандемијата, вкупната помош од САД за Северна Македонија за справување со КОВИД-19 надминува 9,2 милиони долари.

Новата помош обезбедена преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) ќе биде реализирана во партнерство со Светската здравствена организација за натамошно јакнење на капацитетите на здравствениот систем за подготвено дочекување и одговор на кризи од типот на пандемијата на КОВИД-19 и обезбедување повисока стапка на вакцинација против КОВИД-19, како и безбедно изведување на самата вакцинална кампања. Со оваа помош, во соработка со УНИЦЕФ ќе се прошири прошири информативната кампања за ризиците од избегнување имунизација и потребата од вклучување на заедницата во функција на што повисока стапка на вакцинација против КОВИД-19; понатаму, ќе ги помогне активностите насочени кон менталното здравје и добросостојбата на здравствените работници кои се вклучени во справувањето со КОВИД-19; ќе помогне за зајакнување на капацитетите за водоснабдување, санитарните и хигиенските услови и мерките за превенција и контрола на заразата; и ќе овозможи правење важни анализи на податоци и проценки со цел ефикасно справување со кризата предизвикана од КОВИД-19.

Донацијата на опремата од Европската Команда на Американсата војска, ќе помогне за одржување на студениот синџир потребен при процесот на вакцинација и се надоврзува на претходните донации на опрема и потрошен материјал за здравствените работници кои работат во првите редови во борбата против КОВИД-19 како и за помош при тестирањето и лекувањето.

Од почетокот на пандемијата, Владата на САД континуирано ги поддржува УНИЦЕФ и СЗО во зајакнувањето на капацитетите на здравствениот систем на Северна Македонија за соодветен одговор на КОВИД-19 и за постигнување состојба на подготвеност за идни закани за здравјето и идни здравствени вонредни состојби. Помошта за националните здравствени власти за осмислување, следење и прилагодување на интервенциите за одговор против КОВИД-19 опфаќа обезбедување подготвеност за распоредување на човечките и сите други потребни ресурси на соодветните места за реализација на вакцинацијата, обезбедување безбедна и ефикасна испорака на вакцините против КОВИД-19, во што влегува и одржувањето на студениот синџир и дигитализацијата на системот за вакцинација, надзор, епидемиолошки истражувања, пронаоѓање на контактите и прилагодување на социјалните мерки и мерките во областа на јавното здравство. Подобрувањето на капацитетот за планирање, мониторинг, анализа, комунукација за ризици и вклучување на заедницата, како и обуката на здравствените работници, на националните и локалните лица за контакт и на партнерите за решавање на пошироките здравствени потреби на населението исто така претставуваат силна компонента од заедничките напори. Дополнително, програмите на УСАИД го помагаат и за одговор на КОВИД-19 во областите на економското опоравување, пружањето јавни услуги, демократија и владеење, медиуми и друго погодени од кризата од КОВИД-19.

Дополнително, програмите на УСАИД ги поддржаа напорите за справување со КОВИД-19 во многу области меѓу кои економско опоравување на земјата, унапредување на јавните услуги, демократските процеси и добро владеење, како и поддршка за медиумска писменост. Болестите на познаваат граници. САД се посветени на соработката со земјава во насока на ставање крај на пандемијата на КОВИД-19, ублажување на нејзините разорни социјални и економнски последици, како и градење на еден свет кој ќе биде по спремен, од било кога досега, за соодветен одговор на идни епидемии.


Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.