Published: Monday, March 23, 2020 12:51
Нови 22 случаи на коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа во земјата, информираат од Министерството за здравство.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136, од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.
По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
-Скопје (81) – од кои едно лице е од Богданци, а живее во Скопје
-Дебар (40) – од кои 1 починат
-Штип (7)
-Куманово (3) – од кои 1 починат
-Кавадарци (2)
-Охрид (2) – од кои 1 лице е од Скопје а е во иозлација во Охрид
-Гостивар (1)




