Нови 30 дена притворот за актуелниот претседавач со општина Центар и првообвинет во случајот „Машинопромет“, Мирослав Шиповиќ.
Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го продолжи притворот иако како гаранција беше понуден стан од 70.000 евра. Својот имот за Шиповиќ да може да се брани од слобода го предложи и врвот на опозициската СДСМ, советници од Центар како и градоначалникот на оваа општина. Сепак и ова не беше доволно за судот.
Во случајот „Машинопромет“, Шипович се сомничи дека додека бил на раководна функција проневерил милион евра.

