Уште 35 специјалисти се враќаат во јавното здравство. Заедно со 45 -те лекари специјалисти од првиот конкурс, во јавните здравствени установи најавено е дека ќе се враќат вкупно 80 специјалисти од приватното здравство.
Во оваа група на доктори специјалисти има пет интернисти, четири кожни лекари, шест психијатри, тројца општи хирурзи, тројца гинеколози, по двајца доктори радиолози,анестезиолози, специјалисти по уво, нос и грло и двајца по физикална медицина.
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска информира дека на вториот конкурс се пријавиле вкупно 108 доктори специјалисти од кои за 35 веќе е започната постапката за вработување. Дел од нив веќе работеле во јавните здравствени установи и заминале во приватно здравство, а дел за првпат се вработуваат во јавното здравство.
Се очекува за две до три недели постапката да заврши и овие доктори специјалисти да започнат со работа во јавното здравство.




