Нови 37 случаи со ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа на направени 464 тестирања, информира Министерството за здравство.
Новите заболени се во: Скопје-20, Куманово-3, Штип-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-2, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Кочани-2.
Починати се 4 лица, пациент од Виница (57г), двајца пациенти од Охрид (77г и 57г) и еден од Струга (74г). Од нив тројца се починати во, еден вон болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравени пациенит од: Скопје-41, Куманово-34, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-13, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-6, Струмица-2, Кочани-2, Демир Хисар-1, Берово-1, Виница-4, Свети Николе-2, Кичево-8, Неготино-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15827, бројката на оздравени пациенти е 13315, на починати е 652, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1860. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 6326, активни 540
- Куманово 1605, активни 190
- Дебар 268, активни 35
- Штип 1205, активни 72
- Прилеп 562, активни 133
- Тетово 1304, активни 117
- Струга 627, активни 63
- Велес 288, активни 18
- Битола 245, активни 47
- Охрид 395, активни 58
- Кавадарци 202, активни 30
- Гостивар 856, активни 93
- Гевгелија 89, активни 54 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
- Струмица 103, активни 44
- Крива Паланка 83, активни 38
- Радовиш 52, активни 9
- Крушево 18, активни 2
- Кочани 189, активни 53
- Пробиштип 95, активни 18
- Демир Хисар 60, активни 1
- Македонски Брод 84, активни 12
- Пехчево 42, активни 27
- Берово 73, активни 30
- Валандово 11, активни 3
- Виница 94, активни 29
- Делчево 126, активни 81 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
- Кратово 24, активни 5
- Свети Николе 309, активни 19
- Кичево 290, активни 29
- Ресен 153, активни 6
- Неготино 49, активни 4 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 464 теста се преку: ИЈЗ-182, ЦЈЗ Скопје-22, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-128, Систина со PCR метода -113, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-10, ГАК-9, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 166.356 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 7 деца и 7 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 147, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
- Чаир – 53
- Гази Баба – 73
- Аеродром – 91
- Карпош – 67
- Центар – 71
- Кисела Вода – 56
- Ѓорче Петров – 22
- Бутел – 37
- Шуто Оризари – 12
- Студеничани – 10
- Сарај – 17
- Арачиново – 9
- Илинден – 10
- Сопиште – 2
- Чучер Сандево – 2
- Петровец – 4
- Зелениково – 1
- Странец – 3
• Нераспределен-0