Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.774 тестови, а регистрирани се нови 792 случаи на КОВИД-19. Сликата по градови е следна: Скопје – 370, Битола – 62, Кавадарци – 41, Куманово – 39, Велес – 32, Прилеп – 31, Тетово – 29, Охрид – 27, Кичево – 22, Струмица – 18, Гостивар и Свети Николе – по 14, Штип и Гевгелија – 13, Неготино – 11, Кочани и Крива Паланка – по 9, Ресен – 8, Радовиш – 6, Струга и Дебар – по 5, Демир Хисар – 3, Делчево, Берово, Валандово и Крушево – по 2, Богданци, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (792), регистрирани се 203 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица од Скопје (79г) и Гостивар (75г). Двајцата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 14.07.2022 -18.07.2022г.
Бројот на активни случаи изнесува 3.595.