Во изминатото деноноќие се регистрирани нови 98 случаи на ковид-19 од 775 направени тестови, како и 79 оздравени пациенти. Не се регистрирани починати пациенти.
Како што соопшти Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), 68 нови случаи се регистрирани во Скопје, шест во Прилеп, по пет во Куманово и во Битола, по три во Велес и во Ресен, по два во Тетово, во Кавадарци и во Штип и по еден нов случај има во Кратово и во Берово.
Досега во земјата се направени вкупно 2.164.476 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 342.413, бројот на оздравени пациенти е 332.229, на починати е 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 660.