Published: Sunday, November 24, 2013 21:42
Авио компанијата “Виз ер ” и премиерот Груевски најавија три нови дестинации на кои од април идната година ќе можат да патуваат македонските граѓани со „Виз ер“. Директни летови ќе има од Скопје до Париз, Брисел и Франкфурт.
Според најавите Визер кон новите три дестинации ќе се сообраќа двапати неделно, а авиокомпанијата од април следната година ќе пушти во сообраќај и нов патнички авион Ербас А-320 со што го зголемува својот возен парк по воспоставената база на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.
Пет топ дестинации за македонските граѓани се Истанбул, Виена, Цирих, Лондон, Љубљана и Малме. Владата го субвенционира авиопревозникот „Визер“ со по 9 евра по патник оваа година односно по 8 евра догодина.




