Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови докази во врска со убиството на Вања и Панче

0
By Marija Todorovska on May 16, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинетиот Боре Видевски не бил на своето работно место на денот на грабнувањето и убиството на Вања и Панче, воедно нема достапни податоци за извршено пробно испукување со оружјето кое го поседувал обвинетиот, беше образложено од страна на Обвинителството на денешното рочиште за убиството на Вања и Панче.

Судењето денеска продолжи со нови докази што ги презентира Обвинителството, дополнувајќи ја доказната постапка. Меѓу новите елементи е одговорот на барањето за податоци од 7 април 2023 година, во кое се доставува листа од електронската евиденција за работното место на обвинетиот Боре Видевски. Според приложената документација од ЈКП Древен Велес, Видевски не бил присутен на своето работно место на 22 и 27 ноември, деновите на убиството на Вања и Панче.

Обвинителството образложи дека нема достапни податоци за извршено пробно испукување со оружјето кое го поседувал обвинетиот, што ја оневозможува споредбата на неговото оружје со чаурата пронајдена при увидот во местото викано Рудник во Велес.

Според известувањето на надлежните органи, чаурата била внесена во системот за автоматска компарација, но анализата не покажала поклопување со претходно внесени податоци од кривично-правни настани во земјата.

Видно од известувањето, доставен е одговор дека во извештајот, меѓу другото, е наведено дека, предметната чаура потекнува од муниција со калибар 9мм од производителот Сувенир, Македонски Брод, произведена во 2002 година. Истата поседува траги од испалување со идентификациони значење, механичките траги од испалување се внесени во системот за автоматска компарација и не се постигнати совпаѓање и вклопување на трагите, односно не се постигнати поврзувања со внесените чаури во системот кои потекнуваат од кривично правни настани на територија на РСМ. Компаративна анализа била направена на предметната чаура и во однос на пиштолот зброевка, од обвинетиот Боре Видевски, и се известува дека со оглед на тоа дека нема податоци за извршено пробно испукување за наведеното оружје, не е направена споредба и се појаснува дека без доставени чаури, од пробно испукување од конкретното оружје не може да се врши компаративна анализа со предметната чаура, наведе Обвинителката.

Првообвинетиот Љупчо Палевски во врска со новио доказен материјал рече дека Обвинителството, со задоцнување од една година, се обидува да изгради алиби за себе поради, како што рече,  „непостапување во откривањето на критичните елементи на случајот“.

Ова е класично покривање на лошата истрага и непостапување во однос на оружјето, рече Палевски.

Судењето продолжи со изведување на докази од страна на Обвинителството, фото-документација за комуникација на Љупчо Палевски со лицето Ерол Османи кој како сведок беше испитан во текот на оваа постапка.

Вања Ѓорчевска обвинителство Панче Жежовски судење убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.