НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови откритија на НАСА за живот на Марс: На вистинскиот пат сме

0
By Нова ТВ on June 8, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американската вселенска агенција НАСА вчера објави дека на Марс се пронајдени органски материи во примероците од почвата, што роверот Кјуриозити ги зел од кратерот “Гејл”. Роверот исто така открил и метан во атмосферата на Марс.

Барањето живот надвор од Земјата се фокусира на тнр. блокови на животот, кои вклучуваат органски соединенија и молекули – иако тие можат да постојат без живот. Органската материја може да биде една од овие неколку работи: доказ за некаков дамнешен живот, извор на храна за живот или нешто што постои на местото каде има живот.

Сепак независно за што се работи намена, тие се “хемиски индикации” за истражувачите што работат на составување на мозаикот за Марс.

Метанот се смета за наједноставна органска молекула. Таа е присутна и на други места во нашиот сончев систем, каде што може да биде една од компонените потребни за живот, како што се Сатурн и сателитите и месечините на Јупитер, Енцелад, Европа и Титан. И ако животот постои на друго место, може да биде многу различен или дури и да се разликува од начинот на кој ние го разбираме животот на Земјата.

Новите пронајдоци, исто така, се детално објаснети во две студии објавени во четвртокот во списанието „Сајанс“.

Истражувачите сметаат дека овие наоди се “пробив во астробиологијата”.

-Ние во голема мерка ја проширивме нашата потрага по органски соединенија, што е основно во потрагата по живот, вели Пол Махафи, автор на студијата и директор на Отсекот за истражување на соларниот систем во Центарот за вселенски летови НАСА во Годард.

Двете студии се базираат на помали откритија на атмосферскиот метан и органски соединенија на Марс. Тие биле предмет на дебата, но никогаш не биле разјаснети. Но податоците од Кјуриосити даваат појасна слика за условите и процесите на Марс – и она што можело да се случува на Црвената планета пред милијарди години, кога условите за живот биле попогодни.

-Со овие нови наоди, Марс ни кажува да го задржиме курсот и да бараме докази за живот, вели Томас Зурбухен, помошник-администратор на Директоратот за научна мисија во штабот на НАСА.

-Убеден сум дека нашите тековни и планирани мисии ќе донесат уште повеќе неверојатни откритија на Црвената планета, додава  тој.

Значењето на проектот Викинг

Во надеж дека ќе ја разбереме Црвената планета, површината на Марс се истражува уште од 70 тите години. Проектот Викинг беше првата мисија на САД за безбедно спуштање на вселенски летала на површината на Марс, како и испраќање слики.

Иако надежите биле големи, дека двата лендери и нивните инструменти ќе откријат знаци на живот или органски соединенија во примероците земени од површината, тоа не се случило.

Децении подоцна, Викинг помогнал да како да се конструираат инструментите на денешните ровери на Марс.

Кјуриозити ископа малку подлабоко под површината, која е еродирана од зрачење, за да открие какви тајни крие почвата.

Примероците за испитувањата се земени пет сантиметри под површината во кратерот Гејл, каде што роверот слета во 2012 година. Кратерот од 96 милји, именуван за австралискиот астроном Валтер Ф. Гејл, најверојатно бил формиран од удар на метер пред помеѓу 3,5 до 3,8 милијарда години. Веројатно имало езеро, а сега има планина.

Роверот можел да ги загрее примероците на 932 до 1508 степени целзиусови и да ги проучува органските молекули ослободени со гасот. Органските молекули и испарувањата, споредливи со примероци од седиментна карпа богата со органски на Земјата, вклучувале тиопен, метилтиофен метахтиол и диметилсулфид.

Иако не можат тоа да го тврдат, истражувачите веруваат дека ова се фрагменти од поголеми молекули кои биле присутни на Марс пред милијарди години. И високата количина на сулфур во примероците најверојатно е причина што тие издржале толку долго, велат истражувачите.

Во сето ова биле земени предвид и потенцијалните загадувачи, и затоа овие резултат се зметаат за најсеопфатни досега.

-Површината на Марс е изложена на зрачење од вселената, вели Јен Ејгенброде, автор на студијата и истражувач во Центарот за вселенски летови Годард.

-И зрачењето и суровата хемикалија ја разложуваат органската материја. Откривањето на прастарите органски молекули во првите пет сантиметри материјал од времето кога Марс можеби бил погоден за живот е добрар материјал за нас да ја разбереме приказната за органските молекули на Марс за идните мисии кои ќе одат многу подлабоко, вели Ејгенброде.

Метан во атмосферата

Во текот на пет години, Кјуриозити својот ласерски спектрометар го користел за мерење метан во атмосферата во кратерот Гејл. Пред тоа, истражувачите не можеле да дознаат зошто варира количината на метан откриен во атмосферата на Марс. Со собирањето податоци во текот на пет години од една локација, тие сега имаат одговор.

Постои сезонска варијација на метанот што се повторува, што значи дека метанот се ослободува од површината на Марс или од резервоарите под површината. Метанот може дури да биде заглавен во кристали базирани на вода под површината.

Метанот е силен гас со ефект на стаклена градина и може да поддржи клима која ги одржувала езерата на Марс. Тоа може да се случи дури и ако е под површината сега, велат истражувачите.

Ослободувањето  метан е активен процес на Марс, што може да сугерира нови работи за она што се одвива на Црвената планета.

Откривањето на оваа органска молекула во атмосферата, во комбинација со наодите за органски соединенија во почвата, се силни индикации за потенцијалниот живот на Марс во минатото.

На кратерот Гејл веројатно имало живот пред 3.5 милијарди години, според податоците на Кјуриозити.  љубопитноста. Во тој случај, условите би биле споредливи со Земјата, исто онака како што животот се развивал на нашата планета.

Сознанието дека овие молекули и соединенија биле присутни тогаш, дава нов поттик на идејата дека животот потекнувал или постоел на Марс и дека со повеќе работа на роверите може да се открие што се случувало во минатото.

Инсајт Лендерот на НАСА беше лансиран на 5 мај, а ќе слета на Марс на 26 ноември. Неговата двегодишна мисија ќе го истражува Марс за да види дали е “геолошки жив” или активен под површината.

На пример, научниците сакаат да знаат дали има “потреси на Марс”. И роверот Марс 2020, кој се очекува да биде лансиран во јули 2020 година, можеби ќе може да помогне со земање примероци од почвата на Марс.

-Дали постојат знаци на живот на Марс?, праша Мајкл Мејер, главен научник за Програмата за истражување на Марс во штабот на НАСА. “Не знаеме, но овие резултати ни кажуваат дека сме на вистинскиот пат”, одговори тој.

живот Марс НАСА органзска материја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.