Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови пратеници во Собранието на местата на министрите и на премиерот

0
By Нова ТВ on July 2, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 2, 2014 13:10

Андон Чибишев, Светлана Јакимовска, Марија Ангелова, Ѓорѓи Коџобашиев, Благородна Бојаџиева, Алил Ибраими, Драган Данев и Јасмина Дамчевска се нови пратеници во Собранието кои дојдоа на местата на министрите и на премиерот и на оние кои поднесоа оставки.

Нивните мандати денеска се верификувани во законодавниот дом, а констатирана беше и оставката на функцијата пратеник која вчера ја поднела Шкодране Дарлишта од листата на ДУИ.

Пратениците ја изгласаа потребата за донесување по скратена постаока на предлог измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски образложи дека со измените се ослободуваат од плаќање радиодифузна такса корисници на социјална и постојана парична помош. Исто така, рече Ивановски, со инструментална музика се проширува опсегот на домашна музика за националните телевизиии.

На деневен ред на оваа седма седница на Собранието се и утврдувањето двајца потпретседатели на Собранието, членови на Националниот совет за евроинтеграции, предлог одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција, ИСАФ во Авганистан, за предлог на кандидати за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка.

Пратениците треба да разгледаат и повеќе годишни извештаи за 2013 година и тоа за работата на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2013 година, на Судскиот совет на Република Македонија, на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, на Агенцијата за администрација, на Дирекцијата за заштита на личните податоци, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на Државната комисија за жалби по јавни набавки на Комисијата за заштита на конкуренцијата, на Советот за радиодифузија на Република Македонија, на Агенцијата за електронски комуникации, на ЈРП Македонска радио телевизија, на Агенцијата за пошти, на Комисијата за хартии од вредност и на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.