Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови пратки со канцерогено млеко од увоз во Македонија

0
By Менче Атанасова Точи on February 27, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 27, 2013 17:23

Првичните неофицијални податоци покажале зголемено присуство на афлатоксин во новите пратки на млеко на Имлек, Маестро –Ниш и Шабац дознава НОВА. Досегашните анализи покажале дека најмногу контаминирани се српските млека, но зголемно присуство на афлатоксин е пронајдено и во неколку вида на млеко од Хрватска и Босна и Херцеговина.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство доцна попладне за НОВА потврдија дека се ова прелиминарни резултати и дека целото млеко е ставено во магацините, така што ниту еден литар не се нашол на рафтовите во продавниците.

Досегашните испитувања покажале и дека во ниту едно словенечко и германско млеко не пронајден опасниот афлатоксин.

Откако изби аферата со канцерогеното млеко во Македонија се проверува секоја пратка на млеко од увоз, а домашните производители со минатонеделните измени во правилниците се задолжени да поседуваат декларација со која ќе потврдат дека се вршат редовни контроли за присуство афлтоксин во нивното млеко.

Поради ваквата состојба во регионот министерот за земјоделство на Србија планира на 5 март да ги свика своите колеги од регионот за да разговараат за безбедноста на храната. На состанокот Србија и Хрватска најверојатно ќе потпишат договор со кој земјите од регионот ќе одредат една заедничка лабораторија од ЕУ каде ќе се изработуваат анализите за земјите од целиот регион.

Србија веќе затвори 31 фарма поради тоа што во нивното млеко е пронајдено зголемено ниво на опасниот афлатоксин М1. Таму веќе се детоксицираат кравите со минералот зеолит, заради контаминираната пченка која била употребувана во исхраната. Македонија минатата година увезла 64 000 тони пченка од која најголемиот дел е од Србија.

Иако во оваа соседна држава беше потврдено дека 80 проценти од пченката е канцерогена, домашните млекопроизводители велат дека многу малку ги хранеле кравите со увозната пченка, а повеќе со силажа и луцерка која е исклучиво од домашно потекло

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.