Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови правила: Лиценцираните такси возила ќе имаат жолти табли

0
By Нова ТВ on November 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На лиценцираните такси автомобили задолжително ќе се поставуваат жолти табли со што граѓаните ќе ги разликуваат од нелегалните превозници и сите ќе бидат означени и со еколошка налепница за степенот на емисијата на штетни гасови што ќе ја покажува и зоната во која ќе можат да се движат. Тоа се предвидува со новиот Предлог закон за возила, што денеска ги претставија министрите за внатрешни работи и за економија, Оливер Спасовски и Крешник Бектеши, со претставници на Здружението на таксисти.

Целта е средување на состојбите во такси превозот со сузбивање на нелиценцираните таксисти и поголема безбедност на граѓаните и учесниците во сообраќајот.

Со законските новини се укинува и налепницата при регистрација на ветробранското стакло на возилата, која што чинеше по едно евро, но, како што забележа, Спасовски, немаше улога затоа задолжително мора да биде контролирана сообраќајната дозвола.

– Со непреземање соодветни мерки во изминатите години се доведувавме како држава во ситуација нелегалните таксисти да иамат предност пред легалните. Тоа беше причина зошто  во најголем дел од градовите во Македонија се повеќе растеше бројот на нелегални таксисти на сметка на легалните кои ги плаќаат сите давачки. Од друга страна надзорот беше оставен само на општините преку инспекторатите за сообраќајот. Затоа со Здружението на таксисте донесовме низа мерки за поголема контрола во делот на инспекцискиот надзор кој ќе може да го врши и полицијата, рече Спасовски.

Тој рече дека сега не се знае кои возила колкава штета предизвикуваат со издувните гасови  поради што со налепниците ќе се зголемат обврските и одговорноста на центрите за технички прегледи за да прават детални анализи.

– Секое од возилото ќе добие налепница. Тој што емитува најмногу штетни гасови ќе има црвена налепница, тие со помал обем на штетни гасови жолта, а оние коишто се  во рамки на нормалното ниво со зелена. Тоа не значи дека дефинитивно старите возила ќе имаат црвени налепници, а новите зелени затоа што постојат разлики во зависност од возилата, рече Спасовски, појаснувајќи дека општините и град Скопје ќе носат одлука  дали во одредено подрачје врз основа на нивна сообраќајна студија  тие возила не треба да се движат во одреден временски период.

Според претседателот на Здружението на таксисти Абдула Рушити, новините ќе предизвикаат трошоци за таксистите, но, како што потенцираше ќе бидат минорни во однос на штетите што ги трпат од работата на дивите превозници во овој сектор.

– Прифатено е нашето барање. Ова ќе биде многу добро и за таксистите и за граѓаните да можат да се  качат слободно и да нема проблеми, изјави  Рушити, информирајќи дека за 45 од 53-те такси компании во нивното Здружение е прифатливо да се воведат жолти табли со кои ќе се препознаваат таксистите.

Законот е на Предлог на Министерството за економија, кое како што укажа ресорниот министер Крешник Бектеши, предвидува и усвојување програма за субвенционирање на граѓаните и правните лица кои ќе набават  електрични и хибридни автомобили, како и за оние кои ќе постават уреди на плин или метан.

лиценци нови правила такси возила
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.