Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови препукувања помеѓу владејачката партија и СДСМ во однос на Диме Витанов

0
By Нова ТВ on February 21, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 21, 2014 18:13


– Списоци во ВМРО-ДПМНЕ се прават, и тоа на големо, газењето на демократијата во земјата е јасна, во држава, со којашто раководи оваа гарнитура на власт, нема шала. Единствено што постои е тепање на слободни граѓани, заканување со кривични пријави и ништо друго, изјави денеска советникот во општина Неготино од редовите на СДСМ, Диме Витанов.

Според Витанов, во време кога се обзнануваат големи криминали на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, во време кога на виделина излегуваат тешки пари и криминали, партијата на власт со смешна прес конференција сака да го сврти вниманието.

– Јавно го прочитавте мојот број и со тоа ми направивте услуга, сите граѓани го знаат мојот број и ми се јавуваат да ми искажат поддршка да продолжам да бидам најгласен во Советот на општина Неготино, да продолжам да бидам најгласниот против расипничкото работење на градоначалникот на Неготино и структурата на ВМРО-ДПМНЕ, рече Витанов надополнувајќи дека заканата за кривична пријава нема да го замолчи.

Од партијата на власт пак велат, Витанов е млад човек оставен на цедило од лидерот на СДСМ, Зоран Заев и потпретседателката на партијата Радмила Шекеринска.

– Наместо да одговорат тие за обидот за фингирање на скандал, го оставија Витанов сам да одговора на оваа афера преку прес конференција и тоа од Неготино. Јасен е случајот, бидејќи има сведоци, броеви и е-маил адреси кои може тоа да го потврдат. СДСМ се фатени на дело. Жалиме што СДСМ остави еден млад човек на цедило, човек кој што ова го направил по насока на централното раководство на партијата, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, кои упатија повик до Диме Витанов да се оправда пред своите сограѓани зборувајќи друга вистина.

Одговорот на најголемата опозициска партија, на овој повик е дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја филмуваат јавноста со смешни прес конференции за наводни скандали.

– Со тоа не се кријат разобличените милионски станбени, тендерски и коруптивни афери што водат до врвот на Владата. СДСМ ќе продолжи со обелоденување на расипничкото владеење на власта на Груевски. За злоупотребите народни пари еден ден некој ќе мора да понесе одговорност, стои во реакцијата на СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.