Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови ригорозни мерки: Да се затворат кината, театрите, кафулињата со работа до 18 часот

0
By Нова ТВ on March 12, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 12, 2020 12:19

Влошена е здравствената состојба на тројца од пациентите кои се заболени од коронавирус, но се уште не се приклучени на машини за дишење. Тие се над 65 годишна возраст и спаѓаат во ризичната група. Останатите шест заболени се со лесна клиничка слика, информира министерот за здравство Венко Филипче. Утринава на Инфективна клиника е донесен еден пациент со температура кој се вратил од Германија, се чекаат резултатите, исто како и на луѓето чија изолација завршува денеска.

Болниците ќе примаат само итни случаи, а сите хронични пациенти и тие што се закажани се откажуваат. Се забрануваат сите јавни и приватни собири без разлика на бројот. Кафитериите ќе работат со скратено време до 18 часот, со преполовен капацитет за да има распојание меѓу луѓето, а мерката се однесува и нас портските сали, казина и кладилници.  Да се откажат сите кино и театарски претстави. Директорите на клиниките за Неврохирургија и КАРИЛ веќе прават прераспределба на кревети и апарати и ги подготвуваат капацитетите доколку за тоа има потреба.

До мерките на владата ќе треба да се придржуваат и верските заедници, МПЦ, Католичката црква и ИВЗ. Верските заедници мора да се придржуваат кон мерките и нема логика да ги повикуваат верниците на собири и миси, нагласи министерот Филипче.

„Премиерот разговараше со верските заедници за строго придржување кон мерките. Утрово на Комисијата за заразни болести разгледавме нови дополнителни мерки. Имавме разговори и со колеги од Италија, кој укажаа дека во одредени делови дури по најригорозните мерки се намалува бројот на заболени, затоа воведуваат ригорозни мерки. Ова значи дека треба да бидеме порадикални и затоа во текот на денот побаравме уште една седница на Влада за овие нови мерки “, рече министеорт Филипче.

Терапијата на хроничните болни ќе биде продолжена и ќе ја препишува матичниот лекар, а ФЗОМ ќе направи измена во правилникот. Ова не важи за новите дијагностицирани пациенти. Ова се мерки кои биле разговарани и донесени Комисијата за заразни болести и тие денеска ќе бидат предложени на Седница на Влада која е побарана да се оддржи дополнително. Тој нагласи дека сите мерки важат до 24 март.

По информациите дека во Дебар има повеќе луѓе кои се заболени, поголем тим од епидемиолози ќе одат да направат епидемиолошка анализа.

Тој рече дека на Кожна клиника  вчера е назначена нова директорка, а во изолација се само членовите на семејството на заболената докторка не и нејзини пошироки контаки и сите 64 вработени на клиниката и тие што биле на сипмпозиумот, вкупно околу 200 луѓе.

„Мој  воздух “ги споделува сите активности, а Црвен крст многу помага со своите активности на волонтерите, рече Филипче.

„Вчера попладне СЗО прогласи пандемија и тоа беше очекувано кога има голем број заразени во многу земји.  Разговарав со регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге кој нагласи дека нема генерални препораки, но секоја земја има свои автентични мерки и ние се усоголсуваме со нив“ реле Филипче.

„Апелираме на јавната свест. Во Италија има форма на полициски час, не сакаме до таму да дојдеме затоа воведуваме вакви мерки“, рече Филипче.

Министерот Филиче посочи дека судот е место каде што секојдневно има голема фрекфенција на луѓе и дека по состанокот со министерката за правда, Рената Дескоска ќе биде соопштена одлуката какви мерки ќе бидат преземни. Филипче најави дека Владата наскоро ќе излезе со план за финансиска поддршка и мерки за намалување на штетните последици од овие мерки врз економијата.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.