Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови Сад – Што досега се знае за несреќата на железничката станица?

0
By Zoran Ivanov on November 2, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 2, 2024 10:07

Во несреќата загинаа 14 лица, меѓу кои и еден државјанин на Северна Македонија. Спасувачката акција на железничката страница траеше до доцните часови на 1 ноември. Претседателот Вучиќ побара кривична и политичка одговорност. Обвинувања и барања за одговорност упати и дел од опозицијата.

Во петокот, на 1 ноември, нешто пред 22 часот заврши спасувачката акција во Нови Сад, каде што 14 лица загинаа, а три беа тешко повредени откако се урна бетонска конструкција пред влезот на главната железничка станица.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека се идентификувани седум жртви, меѓу кои две жени, А.Р. (2004) и А.Ч.С. (1989) и пет машки лица H.С. (1997), M.M. (2003), Ш.Ѓ. (1947), Р.В. (1955) и С.В.

Едно од лицата е и државјанин на Северна Македонија.

Повредените се сместени во Клиничкиот центар во Војводина. Од трите лица кои се здобиле со тешки телесни повреди, две се женски и едно машко.

Спасувачките екипи во петокот во текот на целиот ден извлекуваа жртви од урнатините. Причината за уривањето не е позната.

Надлежните најавија истрага за несреќата на станицата, која беше отворена летово по тригодишна реконструкција.

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ за РТС изјави дека во тек е увид за утврдување на причините за падот на настрешницата.

И ќе се утврди зошто настрешницата не била дел од планот за реконструкција и кој утврдил дека не е потребна за реконструкција, рече Весиќ.

Според него, во реконструкцијата се вклучени Транспортниот институт ЦИП, кој го реализираше проектот, Железничката инфраструктура на Србија, која е одговорна за станицата и кинеските компании, кои беа изведувачи.

Во Србија денеска е Ден на жалост, додека во Нови Сад е прогласена тридневна жалост. Знамињата на официјалните институции се спуштени на половина копје.

И ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина, втори ноември го прогласи за Ден на жалост, додека црногорските власти изразија сочувство до семејствата на жртвите. Сочувство изрази и државниот и политички врв и во Северна Македонија.

Во вечерните часови, на 1 ноември, граѓаните палеа свеќи и оставаа цвеќе за настраданите на железничката станица во Нови Сад. Почит на жртвите им оддадоа и граѓаните на Белград и Ваљево.

Што рекоа властите?

Властите најавија истрага за несреќата на станицата, која беше отворена во јули 2024 година по тригодишна реконструкција.

Железничката инфраструктура на Србија соопшти дека настрешницата што паднала „не била предмет на реконструкција во реновирањето на зградата на железничката станица во рамки на проектот за брза пруга од Нови Сад до Суботица“.

Како што додаваат во соопштението, во рамки на реконструкцијата се работело на внатрешноста на станицата, покривот и фасадата над и под настрешницата.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати до јавноста и побара од Вишото обвинителство во Нови Сад и од Владата на Србија, одговорните за тоа што се случи „да бидат кривично гонети и најстрого казнети“.

Кога ја споменав Владата на Србија, барам и политичка одговорност, рече Вучиќ на 1. ноември.

Спасувачи и медицински тимови на местото на несреќата на 1 ноември.

Тој додаде дека одговорни се оние чија должност е железничката инфраструктура, сообраќајната инфраструктура и безбедноста на луѓето.

Вучиќ изјави дека некој ќе треба да објасни зошто не е реконструирана настрешницата кога била реновирана целата станица.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ изјави дека ова е еден од најтешките денови во повоената историја на Нови Сад.

Ќе инсистираме да се најдат одговорните и да одговараат оние кои мораа да се грижат за состојбата на конструкцијата и состојбата на зградата, рече Вучевиќ.

Дел од опозицијата ја повика власта на одговорност.

Железничка станица беше отворена во јули годинава по тригодишна реконструкција. Само настрешницата не била реновирана.

Движењето „Крени-Промени“ од Нови Сад соопшти дека поднело барање за информации од јавен интерес, барајќи ги сите релевантни информации во врска со реконструкцијата на Железничката станица.

Градскиот советник на коалицијата „Браво“ во Нови Сад, Миран Погачар ги праша надлежните дали пред една недела добиле предупредување од граѓаните дека зградата е напукната.

Движењето на слободни граѓани рече дека одговорните имаат свои имиња и презимиња.

Тоа не се работници со мистрија и малтер, ниту се изведувачи, тоа се оние кои договорија работни места и ја отворија станицата само за да се сликаат пред избори. Бараме одговорност, велат од Движењето.

Претседателот на Народното движење на Србија (НПС) и пратеник Мирослав Алексиќ оцени дека Горан Весиќ како надлежен министер за градежништво, транспорт и инфраструктура без никакво двоумење треба да биде сменет или сам да си поднесе оставка.

Текстот е сопственост на Слободна Европа.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.