Средношколец во Нови Сад бил нападнат со мачета и секира на улица, а причината била караница за фудбалски натпревар.
Нападот се случил во населбата Грбавица, а детето се здобило со повеќе тешки рани. Меѓутоа, според српските медиуми, момчето било итно оперирано и е’ надвор од животна опасност.
Според некои информации, инцидентот настанал по една расправија помеѓу неколку средношколци на улица. Жестоката расправија се претворила во физичка пресметка, а еден од учесниците извадил мачета, додека друг секира.
Кога момчето облеано во крв паднало на земјата, напаѓачите побегнале, но полицијата успеала да уапси еден од нив, за кого медиумите навеле дека е полнолетен и дека е навивач на Војводина.