Белград: Во Србија во над 70 населени места и градови попладнето и синоќа се одржуваа собири на симпатизери на владејачката Српска напредна странка на кои се искажува протест против блокадите.
Собири се одржуваат во Инѓија, Аранѓеловац, Врњачка Бања, Лозница, Крушевац, Лесковац, Зрењанин, Дољевац, Шид, Обреновац, Трговиште, Бор, Прибој, Крушевац, Рума, Рашка, Бачка Паланка, Сремски Карловци, Бачка Топола, Обреновац, Лучани, Пожаревац, Неготин…
Нема такви собири во Белград и во Нови Сад.
Тие носат транспаренти со натписи „Сакам живот“, „Мир да, блокада не“,.
Според провладкни медиуми тие денеска ќе испратат порака – „Доста е“.
Претходниот собир на „Граѓани против блокадите“ беше одржан во средата во 50-на градови низ државата.