Британските обвинители денеска соопштија дека имаат “доволни докази” за обвинување на двајца руски државјани во врска со нападот со нервниот агент претходно оваа година, на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија Скрипал.
Двајцата осомничени се именувани од страна на Кралското обвинителство (CPS) како Александар Петров и Руслан Боширов и ниту еден од нив не е во Обединетото Кралство.
“Обвинителите од Одделот за борба против тероризмот на КПС ги разгледаа доказите и заклучија дека има доволно докази за да се обезбеди реална можност за обвинение и јасно дека е во јавен интерес да се обвинат Александар Петров и Руслан Боширов … со заговор за убиство на Сергеј Скрипал и обид за убиство на Скрипал, неговата ќерка Јулија и полицаецот Ник Бејли “, се вели во изјавата на СПС.