Со барање грчката канцеларија за врски во Македонија да ги обелодени причините поради кои на новинарката на дневниот весник Дневник, Ивана Косотовска и е забранет блез во Грција, новинарите денеска одржаа мирен протест пред грчката канцеларија за врски.
„Македонската асоцијација на новинари смета дека регистрирањето на новинарката Костовска во регистерот на непожелни личности, со карактеристика опасност за јавниот ред и безбедност, јавното здравје и меѓународните односи, претставува грубо кршење на основните демократски постулати на слободата на движење. Ваквата одлука на грчките власти, за МАН е особено скандалозна бидејќи доаѓа од држава членка на Европската унија“, велат од МАН, здружение кое го организраше протестот, а беа поддржани и од Здружението на новинарите во Македонија и Самостојниот синдикат на новинари.
МАН бара од Владата на Грција повлекување на оваа одлука и овозможување непречен влез на новинарката на територијата на Грција.