Новинарката Менче Атанасова Точи е добитник на наградата за професионално известување за состојбата со бегалците и лицата без државјанство „Jавен повик за доделување на награди за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Република Северна Македонија за 2019 година“, што ја доделува Македонското здружение на млади правници во соработка со ЗНМ и Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации – УНХЦР.
Наградата и припадна во категорија напис или серија написи за сторијата “Починати бегалци и мигранти во „дупката“ на институционалната негрижа“, објавена на веб порталот НОВАТВ на 19 декември 2019 година.
Сторијата е резултат и еден вид сублимат на серија стории кои во континуитет се работени и објавувани и претходно на истата тема, уште во 2018 година. Тоа е проблемот со бегалците и миграните кои ги губат животите во несреќни случаи додека поминуваат низ нашата држава, а нивните тела со месеци стојат во капелата на АД Бутел, поради некоординираност на иституциите.
И додека нивните предмети стојат во фиоките собирајќи прашина, институциите си ја префрлаат одговорноста едни на други. Згора на се долгото, непотребно, со месеци чување на телата во капелата го плаќа државата со иладници евра, пари на граѓаните.
Ова е многу сериозен проблем во кој активистите за човекови права и невладините организации вложуваат големи напори и се обидуваат да го решат, со години.
Откога НОВАТВ, објави серијал на стории за повеќе вакви случаи кои и претходеа на сторијата „Починатите бегалци и мигранти во „дупката“на институционалната негрижа“, по медиумскиот притисок кој успевме да го извршиме, на што се надоврзаа и други медиуми кои сериозно ја сфатија тежината на проблемот- обврските на некои од институциите почнаа да се дефинираат и некои од случаите да се решаваат многу побргу.
Се разбира, има уште многу да се направи, да се влијае и понатаму на подигнување на свеста на институциите, на државните службеници во нив, на социјалните служби, обвинители и сите чинители вклучени во овој процес, да реагираат брзо затоа што на крајот цехот го плаќа државата.
Заради ваквите случаи Македонија беше посочена како земја која ги прекршува човековите права.
Во категорија емисија, прилог или краток документарец доделени се две награди: Едната награда припадна на Ѓорѓи Личовски за прилогот под наслов „Mother Lenche with illegal migrants full edit Georgi Licovski North Macedonia “, објавен во агенција EFE,другата наградаприпадна на Еви Шкопи за прилогот под наслов „90 годишната Сафије Пајазити е една од многуте лица кои немаат лични исправи “, објавен на ТВ АлсатМ.