Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинарката на НОВА Менче Атанасова Точи ја доби наградата за животно дело на ЗНМ

0
By Нова ТВ on March 7, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 7, 2019 14:13

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска на одбележувањето на 73-годишнината од работењето ги додели годишните награди за најдобри новинарски стории за 2018 година.

Наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ и беше врачена на новинарката од НОВАТВ Менче Атанасова-Точи,

-Сметаме дека во ова време на евтино, површно и клиентелистичко новинарство, Менче опстојува упорно како наш професионален бренд. Во нејзините стории на прво место се секогаш пациентите и граѓанскиот интерес. Таа веќе со години ги разобличува состојбите во здравството, конфликтот на интереси и грешките на системот. Нејзините истражувачки стории го урнаа тендерот за реагенси и нејзината упорност да ги иостражи сите детаљи е школски пример што треба да го следат идните новинари . Ја охрабруваме Менче да продолжи да пишува и натаму, рече Слободанка Јовановска од Управниот одбор на ЗНМ.

Атанасова Точи прати порака дека само со работа со помладите колеги ќе се врати квалитетот и достоинството на новинарството.

-Создадов многу тв прилози, репортажи, животни стории, документарци, имав сопствена емисија, правев анализи, коментари, колумни, истражувачки стории и можам да кажам дека ниту еден жанр не ми е непознат. Сега кога гледам информативна програма се повеќе се фаќам себеси како прво ја гледам формата, како е спакувана информацијата, а потоа содржината односно, самата информација. Веројатно тоа се должи на моја желба да го вратиме квалитетот во новинарството. Затоа ги замолувам поискусните колеги да работат со помладите, како што јас несебично го давам своето знаење на помладите колеги. Треба да им дадеме шанса да работат, да истражуваат, да добиваат награди, рече Точи.

Наградата за најдобра истражувачката сторија ја добија новинарот Сунај Сабриоски од ТВ 24 за неговиот серијал на прилози за продажбата на атрактивното земјиште спроти Градскиот трговски центар и на новинарката Ирена Мулачка од „Фокус“ за серијалот за приватната установа за заштита на возрасни лица во Радишани.

 

Годинава, првпат беа доделени две награди за новинарски стории од локален и регионален карактер со цел да се поттикне истражувачкото новинарство во локалните медиуми. Наградени се Светлана Дарудова, дописник на МИА за нејзината сторија за недоволната грижа за децата со пречки во развојот во Неготино и Сузана Мицева за прилозите за раководителот на хидросистемот Ѓавато во Богданци кој боледуваше во канцеларија, објавени на телевизија „Телма“.

На конкурсот на ЗНМ годинава имало 27 апликации, а како што рече претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски, радува фактот дека за наградите конкурираат млади новинари што значи дека новинарството има иднина.

Според него, предизвиците со кои се соочува новинарската фела и на кои треба да се работи се дезинформациите во медиумите и подигнувањето на професионалните стандарди во новинарството. – За професионалното известување не треба да има компромис, порача Чадиковски.

Фондот за првите четири награди е два илјади евра кои се обезбедени со поддршка на Стопанската комора на Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.