Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинарот Адамчевски прележа ковид-19: Медицинските сестри се ангели чувари на пациентите

0
By Нова ТВ on April 27, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 27, 2020 08:32

Новинарот Мирче Адамчевски е еден од оние кој се зарази со коронавирусот и имаше среќа да го надмине и да оздрави. За него денеска е голем ден. По сè низ што мина во изминатиот период, конечно жив и здрав ќе може да излезе надвор и да прошета. Неговото искуство со ковид-19 се однесува на сите кои ја имаа среќата, покрај се, да останат незаразени, да не лежат во болница, да не трпат болки, а притоа да им пречат мерките за претпазливост, седењето дома и полицискиот час. Своето искуство Адамчевски го сподели на порталот mms.mk.

Како си сега откако помина едно премрежје?

„Да, лежев на Инфективна две недели, уште две недели во изолација и конечно од утре ќе излезам да прошетам. Заболев дома, се собравме и некој од членовите на семејството го донесе и по неколку дена се појавија симптомите. По 10 дена се зголемија, се зголеми температурата и матичниот лекар ми рече дека треба да одам на Инфективна. Поминав две недели на инфективна како средно-тежок пациент, бидејќи таму се делат на лесни, средно-тешки и тешки. Не знам со кои лекови бев третиран. Дневно примав неколку инфузии и вториот ден веќе ми спадна температурата. Полека се опоравував. Морам да кажам пофални зборови за персоналот на Клиника. Морам да го споменам нивниот професионализам и односот кон пациентите полн со оптимизам и тоа во прв ред на лекарите. Но, посебно треба да се издвојат медицинските сестри, бидејќи да работиш од седум наутро, до седум навечер, а голем дел од тоа време да си со заштитни маски, очила или визири и друга заштитна опрема, не е лесно. Плус пациенти во разна здравствена состојба, непрекинати повици преку ден и на полноќ, болни се јавуваат,  инфузии, инјекции. Да не зборувам низ што се поминуваат. Во една реченица медицинските сестри се ангели чувари на пациентите“.

Што најмногу те нервираше?

„Таму цело време бев во контакт со надворешниот свет, нормално со мобилнот и мене ми пречеше кога некои постојано викаа дека мерките за борба со коронавирусот се строги. Нив би им предложил барем една ноќ да поминат на Инфективна, да слушаат кашлање, кога ти се чини дека во болница ќе си ги искашлаш дробовите, офкања, повици од некои кои горат од температура, некои се бањаат во пот. Ако минат ноќ на Клиника, тогаш критичарите ќе почнат мерките да ги благословуваат. Мерките не паѓаат од небо, гледаме дека ги предлагаат стручни лица. Доктори, експерти и добро е што е така. Политичарите помалку да се мешаат. Па, затоа мерките мора да се почитуваат, во прв ред носење маски. Мора да се држи растојание. Можеби и јас не се согласувам со некои рестрикции кои се воведени, но кога се донесени мора да се почитуваат, особено кога даваат резултат. Јас мислам дека кај нас работите одат кон подобро“.

Со што те лекуваа?

„Моите симптоми прво беа температура, малаксаност, физичка слабост, поткашлував, но не многу. После 10 дена почнав да кревам температура, да се потам и тогаш ми рекоа да одам на Инфективна. Знам само дека ми дава тамифлу, тоа е капсула, а се друго беше интервенозно. Јас се смеев со сестрите, им велев: „Не наполнивте со отрови“, а тие ми велеа: „Не, и благи работи ви ставаме“. Не знам навистина со што ме лекуваа. Во отпусната листа пишува, против која област се давани, против микроби, на бактерии. Навистина не знам. Јас бев воден како средно-тежок случај, но таму имаше што не можеш ни да замислиш“.

Како се справуваш со озборувачите? Многумина кои го надминале коронавирусот сега имаат проблем со околината.

„Има една работа која ме вознемирува. Веќе ми кажаа дека кон оние кои се негативни на коронавирус се однесуваат како кон лепрозни. Ги избегнуваат контактите со нив, на работа, на пример. Човек се вратил на работа и вели: „Се однесуваат кон мене како лепрозен“. А тој веќе негативен. Тоа загрижува. Конечно сегашнава состојба покажа дека во државава треба да се создаваат системи за вонредни состојби. Она што го имавме како наследство од СФРЈ го растуривме. Се надевам дека сега со  влегувањето во НАТО и почнување преговори со ЕУ конечно ќе почнеме да градиме нормална држава. Две недели по излегување од болница бев дома. Така што имам искуство со комшиите. Се шегуваме, иако има некои кои кога ќе им кажам дека сум бил заразен со вирусот ме гледаат со недовреба и полека се оддалечуваат од мене. Тоа ти е. Балкан“

Ова е уште еден доказ дека никогаш не се знае со што човек ќе се соочи во животот.

„А човек е жив ѓавол. Потребен е само оптимизам. Таков поглед кон она со што ќе се соочиш. Јас таму одев низ собата и си пуштав музика. Си слушав класика, блуз, рок. Еднаш си потпевнував и една сестра ми вели: „Што, што?“  А јас и велам: „Пеам на германски“. Цимерот во болничката соба,  кој што беше тежок случај ми вели: „Кога ќе оздравам ќе одам на викендица и ќе ги слушам сите овие музики“. И Бетовен и Лист и Лили Марлен и Би Би Кинг…Тоа ти е…

Инфективна Клиника Искуство Ковид-19 медицински сестри Мирче Адамчевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.