Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинарот Баневски за „Рекет“: Го прашав Боки дали рекетира, тој рече „мора од нешто да се живее“

0
By Нова ТВ on December 27, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со сведочењето на Христијан Баневски, новинар во поранешната „1 ТВ“, завршија рочиштата во случајот „Рекет“ за оваа година. Наредното е закажано на 3 јануари со сослушување на сведоци, меѓу кои и заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, Елизабета Јосифовска. Одговарајќи на прашања од обвинителката Вилма Рускоска, Баневски образложи како функционирала телевизијата и како добивале насоки за најава на одредени теми и вести.

„Требаше да прочитам најава дека ќе испратиме мостри на анализа од сите флаширани води на пазарот. Неколку пати за време на рекламите, Бојан Јовановски инсистираше да го повторам тоа, за после неколку месеци спонзор на телевизијата да биде Пелистерка и кај мене на маса да се најде шише вода“, изјави Баневски.

Сведокот потоа, како што рече, добил барање од Јовановски да прави сторија за месна индустрија од Велес.

„Кога го побарав газдата на фирмата „Агриа“, тој ми се развика, а по некој месец самиот нè побара и прими на разговор. Во меѓувреме дознав дека се сретнал со Бојан. Ми рече, „па вие не сте новинари, туку работите како рекетари”. Бев навреден од тоа и побарав образложение од Бојан. Го прашав „дали го рекетирате овој човек“, на што ми одговори, дека „оваа телевизија треба да живее од нешто“. Му реков дека не сакам да работам повеќе на такви приказни и ќе си заминам, изјави Баневски и додаде дека на некој начин бил дистанциран и повеќе не добивал такви задачи до затворање на телевизијата.

На прашање од Бојан Јовановски, дали како новинар во „1 ТВ“ имал целосна слобода во правењето вести, сведокот одговори потврдно, со исклучок на посочените случаи. Потоа беше прашан „дали имал работна задача да се грижи за маркетингот на телевизијата“ на што Баневски даде негативен одговор.

„На почетокот имавме апсолутна слобода што остана и потоа. Поради тоа и ме изненадија случаите што ги споменав. Ме изненади и начинот на третирање на темата со враќање на пасошот на Камчев. Бев суспендиран на еден месец, бидејќи објавив три работи за кои Бојан пред емисија ми рече дека не смеам да ги објавам“, рече сведокот.

Како втор сведок во денешното рочиште за „Рекет“ се појави и хонорарно вработена во домот на Јовановски. Таа одговараше на прашања од обвинителката за тоа како било уредено во домот на Боки 13 и кој доаѓал на гости.

„Имаше многу угледни гости. Во домот имаше повеќе слики од една галерија, но не беа платени, туку оставени така затоа што доаѓаа познати личности, па имаше можност да се продаде некоја слика“, рече сведокот.

Прашана кој се има видено во домот на Боки 13, сведокот рече доаѓале повеќе познати личности по што почна со набројување.

„Имаат доаѓано Радмила Шекеринска, еднаш Орце Камчев, повеќе пати Зоки Милевски, биле и Стефан Богоев, Александар Кирацовски, Лила Филиповска, Сергеј, Анита Кочишки и други“, рече сведокот.

Прашана што е „чест гостин“, кога вели за Зоки Милевски, сведокот рече дека тој доаѓал и по двапати на ден и слободно влегувал без да тропне. Одбраната ја праша дали бил и министерот Венко Филипче, на што сведокот одговори потврдно, додавајќи дека министерот за здравство дошол заедно со Камчев.

Случајот го води судијката Васка Николовска Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври оваа година поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски. Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

сведочење Случај „Рекет“ Христијан Баневски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.