Новинарот Зоран Божиновски денеска беше донесен од затворот Шутка за даде исказ пред истражен судија. Божиновски беше на распит по барањето за спроведување на истрага поднесено од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од септември 2013 година.
Во својот исказ Божиновски категорично ги негирал сите наводи дека сторил било кое од кривичните дела кои му се ставаат на товар, тврди за меиумите претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.
Предметот на Божиновски е сеуште во фаза на истрага. По завршување на распитот, одбраната поднесе предлог за укинување на притворот.