Државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин”во 2016 година за остварувања во областа на публицистиката ја доби публицистот Аљуш Камбери, а во областа на новинарството новинарот Тони Димков.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември 2016 година (среда) во 12 часот, во Собранието на Република Македонија.