Наградата за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ за 2016 година, што ја доделува Здружението на новинари на Македонија ја доби новинарот Владо Апостолов од „Призма“.

Наградата е за серијата од три истражувачки текста за имотите кои се поврзуваат со Владимир Здравев, поранешен претседавач на Советот во општина Центар и директор на МЕПСО, а денешен член на Одборот на директори на Македонски телеком.

Добитник на наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело е фоторепортерот Ѓорѓи Личовски од веб порталот „Сакам да кажам“.

Специјална награда од ЗНМ доби Мефаил Исмаили од телевизијата „Шења“.