Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинарски протест за Кежаровски- со молк и во црно

0
By Нова ТВ on October 23, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 23, 2013 09:01

Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски повика на мирен протест кој ќе се одржи денес, за пресудата на новинарот Томислав Кежаровски.

Во соопштението се вели:

-Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски во 12.05 ќе одржи протест пред Музејот на македонската борба за државност и самостојност.

Ги повикуваме новинарите, медиумските работници и сите граѓани заедно да ја одбележиме борбата за слобода и во нејзино име да изразиме несогласување со затворската казна во траење од четири и пол години за колегата Кежаровски.

Придружете ни се во молк и облечени во црно на симболичен начин да покажеме револт поради заробената медиумска слобода.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници го поддржува протестот со молк и во црно за новинарот Томислав Кежаровски закажан за среда (23 октомври) во 12:05 часот.

ССНМ ги повикува сите свои членови, сите новинари и медиумски работници како и сите загрижени граѓани да дојдат пред Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје за заеднички да го искажеме нашето несогласување со високата казна за нашиот колега, како и нашиот револт против се позабрзаното губење на слободата на говор и на изразување во Република Македонија, се вели во соопштението на Синдикатот.

Кежаровски завчера беше осуден на 4 и пол годишна затворска казна за случајот

Ликвидација.

-Немам загрозено ничиј живот, само ја извршував својата новинарска работа. Преку моите текстови открив како функционира судството и како функционираат структурите во МВР.

Ниту еден текст напишан во „Репортер 92“ не беше демантиран. Заштитениот сведок, не знам кога стана заштитен иако сум бил кај него дома и имам разговарано со неговото семејство, каде ми објаснуваше за полициските тортури кои ги доживувал и притисоците под кои давал исказ во полиција“, се дел од завршните зборови на новинарот Томислав Кежаровски во судница.

Во оваа пресуда на Основниот суд Скопје 1, останатите обвинети меѓу кои имаше судии, адвокати и обвинители добија казна затвор од 1 до 5 години. Судскиот процес за овој случај траеше два месеца. Тие беа обвинети за примање поткуп, злоупотреба на службена положба, неовластено оддавање информации и податоци за заштитен сведок.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.